Крај на љубовната бајка: Важеа за најхармоничниот пар- по 22 години се разведуваат Анета и Џими од групата “Молика”?
Се уште не е позната причината за развод...
Анета и Џими, од групата Молика, по 22 години брак се разведуваат.
фото принтскрин/Јутјуб
Оваа вест денеска се појави во „Свет Аустралија“ а парот не ги потврди ваквите тврдења.
фото принтскрин/Јутјуб
Сепак она што се знае е тоа дека Анета и Џими важеа за еден од најхармоничните парови на естрадата па поради тоа и многумина беа изненадени од оваа вест која осамна во медимуте.
фото инстаграм/Анета Молика
Инаку Џими е и менаџер на групата Молика, а често освен во Македонија и регионот, настапуваат и во дијаспората.
фото инстаграм/Анета Молика
Тие беа вистински пример дека парови и тоа како успешно можат да пловат во брак иако ја имаат истата професија.
фото инстаграм/Анета Молика
Во брак се 22 години, а претходно биле 1 година во љубовна врска.
фото инстаграм/Анета Молика
Во едно свое интервју пејачката кажа дека нивната љубов е цврста и силна како и првиот ден.
фото инстаграм/Анета Молика
„Љубовта кај нас сè уште постои исто како да сме на почетокот. И што е најважно од се ние имаме разбирање и покрај тоа што сме заедно 24/7. Му благодариме на Господ што до сега во ниеден сегмент од нашето живеење ништо не ни е досадно“, изјави Анета.
фото инстаграм/Анета Молика
Но што довело до крах на љубовта се уште не е познато.
фото инстаграм/Анета Молика
Она што исто така изненади многумина е промената на името на Фејсбук групата од група „Молика“ во Анета Мицевска. На оваа група се објавени само песни чиј автор не е Џими.
фото инстаграм/Анета Молика