Реклама
Вирално

Краток филм за татковството што секој родител треба да го погледне го расплака интернетот

Реклама

Иако видеото беше објавено пред две години, деновиве повторно стана вирално. И тоа со причина.

Имено, краткиот анимиран филм на Алике на Јутјуб досега е прегледан повеќе од 8,5 милиони пати, а многумина ги натераа да размислуваат за тоа каки се како родители. Во прашање е филм кој едноставно ја опишува врската помеѓу таткото и детето, но исто така покажува колку брзо овој однос може да биде разрушен под влијание на околината.

Маркетинг

Оваа интересна анимација започнува со татковото подготвување за на работата и подготовката на училишниот ранец на неговиот син. Иако таткото е сосема рамнодушен, момчето е разиграно, исто како и повеќето деца. На патот кон училиште, тие сретнуваат уличен свирач кој свири на виолина под едно дрво, и кој возрасните дури и не го забележуваат. Иако момчето е воодушевено од музиката, таткото го одвлекува за да стигнат на време до дестинацијата.

Маркетинг

Целиот свет освен детето е безбоен, а пред самиот крај на филмот, и момчето почнува да ја губи бојата, заиграноста како и сопствената особеност. Сепак, крајот е малку неочекуван. Како што истакнуваат режисерите Дание Мартинез Ларе и Рафе Кано Мендеза, поентата е во тоа што децата треба да се остават да летаат и да ја развиваат својата особеност, а не да бидат копија на другите.

 

Многумина се согласија дека филмот им ги насолзил очите, но и ги освестил за тоа како треба да се однесуваат.

„Сите ние како општество треба конечно да се разбудиме“, заклучи еден корисник на Јутјуб.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button