Реклама
Наши ѕвезди

Кратко фустанче и шнолички во косата – Карлеуша ги изненади сите со ова издание

Реклама

Пејачката во шик издание се појави на снимање

Карлеуша на снимањето на последната емисија „Ѕвездите на Гранд“ се појави во син мини фустан, а стајлингот го заокружи со сребрени сандали, специфични обетки, преубава шминка и впечатливи шнолички во нејзината кратка коса

Маркетинг

И додека излегуваше од автомобилот, фустанчето го држеше со рацете, за да не покаже нешто што не треба, а потоа без зборови и со насмевка на лицето влезе во студиото.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Инаку, пејачката се уште тагува по нејзината мајка, познатата новинарка Дивна Карлеуша, која пред неколку месеци ја изгуби битката со тешката болест.

Маркетинг

Иако им се врати на своите обврски, по нејзиното однесување се познава дека болката се уште е присутна, само што сега научи како да ја крие од јавноста.

Фото: Ненад Вујановиќ, Ало

Таа со нејзината мајка беше многу блиска, па очигледно е дека само времето ќе може да ги излечи овие нејзини рани

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Во ред е се изгубив, но јас сум супержена, а супержените не се плашат, напиша Карлеуша користејќи го цитатот од песната „Supergirl“ за една од нејзините последни објави на социјалните мрежи. Таа со оваа порака на некој начин опиша како се чувствува, но и дека се труди да биде прибрана и да не ја покажува својата болка.

По семејната трагедија на 5 јуни карлеуша ќе го има својот прв настап во Белград за кој, како што пренесуваат српските медиуми, подготвува вистински спектакл.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button