Кралицата на Шпанија ја стави во сенка Брижит Макрон – покрај неа и најпознатата прва дама би можела да се најде во небрано!
Францускиот претседателски пар во Париз беше домаќин на кралот Филип и неговата сопруга, а во центарот на вниманието беа комбинациите на Брижит и Летиција.

Тие и двете покажаа совршен стил, но шпанската кралица дефинитивно го украде шоуто.
И покрај тоа што шеесет и пет годишната Брижит за овој настан носеше поприлично смел стајлинг што веќе стана нејзин манир – краток бел фустан со крут крој, црна чанта у црни салонки, во центарот на вниманието сепак беше прекрасното издание на Летиција.
Имено, таа повторно ни покажа како една вистинска дама треба да изгледа, овој пат блескајќи во едноставен, но повторно необичен фустан. Креацијата е со едно голо раме и другото покриено со голем цвет кој ја истакна грациозната силуета на 46 годишната кралица, а целото издание го заокружи со шик високи потпетици и плико чанта.

Интересно е и тоа што медиумите стилот на кралицата Летиција многу често го споредуваат со оној на една друга прва дама, а некои дури и го оценуваат како подобар. Во прашање е Меланија Трамп која дефинитивно важи за една од најдобро облечените први дами, но и таа покрај Летиција, на едно нивно заедничко појавување, беше во небрано.

Па, која од овие две дами ви изгледа подобро?



