Реклама
Холивуд

Кралицата Максима и Кејт Мидлтон во потполно идентични изданија – феноменален есенски трик за деловни жени

Реклама

Најдобро облечената кралица го позајми стилот од Кејт Мидлтон

Според модните познавачи, оваа сезона виолетовите и бургунди нијансите ќе бидат меѓу водечките трендови, а тоа многу добро го знае и холандската кралица Максима која со своите беспрекорни модни изданија речиси никогаш досега не’ нема разочарано. Но многумина во ова нејзино последно модно издание забележаа голема сличност со комбинацијата што неодамна ја носеше 10 години помладата војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Маркетинг

Имено, 48-годишната кралица неодамна ги освои сите со својата ефектна и елегантна комбинација во виолетова боја. Таа носеше блуска со точки со долги ракави, кожни килоти панталони и високи потпетици во иста нијанса кои убавата кралица ги усклади со чантата.

Маркетинг

Речиси идентичен стајлинг само два дена претходно носеше и војвотката Кејт Мидлтон, а единствената разлика е во боите.

Па, дали холандската кралица го позајми ова прекрасно издание од Кејт Мидлтон или во прашање е случајност, навистина е тешко да се каже, но она што со сигурност можеме да го забележиме, е дека овие две прекрасни изданија неверојатно личат едно на друго.

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button