Реклама
Холивуд

Кралицата Летиција и во модели од Зара изгледа гламурозно

Реклама

Шпанскиот кралски пар три дена помина во Аргентина

Првата дама на Аргентина, убавата Џулијана Авада и нејзиниот сопруг, аргентинскиот претседател Маурицио Макри, беа домаќини на шпанскиот кралски пар, кралицата Летиција и кралот Фелипе VI. Џулијана која модната библија Вог во 2016 ја прогласи за најубаво облечена жена на светот, гостите ги пречека во здолниште и кошула со впечатлив дезен, и ремен и високи потпетици во кафеава нијанса, додека кралицата избра модел од шпанскиот бренд Зара.

Маркетинг

Имено, таа фураше асиметричен топ со долги ракави и панталони со бочни прорези во портокалов боја во комбинација со високи потпетици во темно сина боја. Обожавателите беа воодушевени што една од најубаво облечените дами од кралскиот двор иако може да носи што и да посака, сепак за ваков значаен настан избра нешто што не е така скапо и што можат да си го дозволат сите.

Маркетинг

 

Па, големо БРАВО за ова шик издание на кралицата.

Во продолжение погледнете уште неколку феноменални комбинации на убавата шпанска кралица…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button