Ново беспрекорно издание на шпанската кралица
Шпанската кралица Летиција е позната по својот специфичен, гламурозен стил кој што го покажува каде и да се појави во јавноста. Таа нема проблем да исплива надвор од сигурната зона и да се појави во модели кои не се карактеристични за дамите од кралскиот двор, иако изгледа фантастично и кога носи наједноставни комбинации кои лесно можеме и ние да ги копираме.
Токму во едно такво издание се појави деновиве кога носеше здолниште со молив крој, со прорез на задната страна, кое што е маст-хев за секој женски плакар. Таа избра модел со ефектен леопард дезен во црно бело издание, а мудро го комбинираше со тесна црна блуза со ракави до лактите и елегантни салонки од црна лакирана кожа со опасни високи потпетици.
Па, што велите за ова издание на кралицата?
Во продолжение погледнете и неколку модели од познатите комерцијални брендови со кои би можеле да ја „позајмите“ оваа шик комбинација на кралицата …
Aldo
Bershka
Zara – здолнише со молив крој
Mango