Кралицата Летиција БЛЕСКАШЕ, но и убавата сопруга на Ковачевски никого не остави рамнодушен
И двете дами изгледаа романтично и бајковито
Сопругата на премиерот за овој настан избра сува елеганција!
Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, Елена Ковачевска, на свечената вечера организирана од кралот и кралицата на Шпанија се појави во тоалета со потпис на македонска дизајнерка.
Станува збор за настан организиран во Гранада, на кој шпанската кралица која е позната и како модна икона беше домаќинка.
Имено, кралицата Летиција и нејзиниот сопруг кралот на Шпанија, Фелипе VI, деновиве беа домаќини на бројни високи политички претставници од Европа и регионот, а меѓу нив беше и премерот на Македонија заедно со неговата понежна половина.
Фото: Инстаграм/ Тања Кокев
И бидејќи станува збор за важен настан, кралицата Летиција беше дотерана од глава до пети, што од неа и се очекуваше.
Таа за оваа пригода избра фустан од Каролина Ерера кој веќе го има носеше во 2018 година при посетата на САД.
Фото: Инстаграм/ Royalfashionpolice
Во прашање е фустан кој на прв поглед изгледа како дводелен, односно како кралицата да носи црна, тесна блуска без ракави и бело здолниште со волани и цветен дезен, а кој кралицата го носеше во комбинација со нежни, проѕирни чевлички со потписот на Манолo Бланик.
Фото: Инстаграм/ Royalfashionpolice
Фото: Инстаграм/ Royalfashionpolice
Од друга страна, сопругата на премиерот Ковачевски, Елена, уште еднаш покажа дека има префинет вкус за мода.
Фото: Инстаграм/ Тања Кокев
Таа едноставно блескаше во креацијата со потписот на Тања Кокев, во смирени кафеави тонови, а која ја носеше со црни детали.
Фото: Инстаграм/ Тања Кокев
Во прашање е преубав фустан со софистициран крој и волуменизирана сукња инспирирана од шпанската култура, а која Елена ја комбинираше со елегантни црни високи потпетици и црна плико чантичка.
Фото: Инстаграм/ Тања Кокев
Таа целото издание го заокружи со децентна шминка и нејзината преубава, смела фризура со која буквално блескаше.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Елена?