Реклама
Вирално

Кој ќе се зарази од корона во оваа држава, добива бесплатно сместување, лекови и храна: Ова се мерки за привлекување на туристи

Реклама

Кипарската влада се обврза да ги покрие трошоците за одмор на сите кои ќе бидат позитивни на новиот тип коронавирус откако поминале одмор на островот.

Според владата, ќе им биде платено сместување, лекови и храна за пациентите и нивните роднини. Туристите ќе „мора да ги покријат трошоците на превоз до аеродром и авионските карти“.

Маркетинг

Тоа е дел од пакетот на мерки насочени на повторно привлекување на туристите на овој медитерански остров, кој добро се справи со вирусот.

Кипар потврди 939 инфекции од коронавирус, а имаше 17 жртви.

Маркетинг

Властите исто така планираат да нарачаат болница со стотина кревети, посебно за туристите кои ќе бидат позитивни, како и повеќе таканаречени карантински хотели за нивните семејства.

Кипар планира да ги отвори аеродромите на 9. јуни за земјите со слична епидемиолошка слика, вклучувајќи ги Германија, Грција, Израел и Малта. Властите ќе го ажурираат пописот неделно.

Според Пердиос, Британците и Русите, кои заедно чинат повеќе од половина од сите туристи на Кипар, веројатно на островот ќе може да летуваат во јули.

Поврзано

Back to top button