Наши ѕвезди

Кој ќе се замараше да оди по НАГРАДА во Италија!? Македонскиот режисер „им се заблагодари“ на МВР

Сакам да им кажам фала на МВР што пасошот се уште не ми е готов, кој ќе се замараше да оди во Италија во моја чест да се трујам со скапо вино и пармезан. Среќа - напиша Ставрески

Advertisement

Популарниот македонски режисер Ѓорче Ставрески, оваа година за филмот „Дали си маж“ ја доби главната награда – Најдобар интернационален филм, на престижниот фестивал Адриатик филм фестивал (Adriatic Fillm Festival) во Италија.

Advertisement

Но, Ставрески не бил во можност лично да си ја подигне наградата. Причината е тоа што немал пасош со новото уставно име.

Очигледно режисерот не успеал на време да го добие документот поради предолгото чекање за пасоши кое ги разлути многу граѓани.

Advertisement

Тој револтот го покажа и јавно, па на неговиот фејсбук профил соопшти за наградата и напиша:

 Викендов беа доделени наградите на фестивалот Adriatic Film Festival. Повторуваме Дали си маж / Are You a Man ја доби главната награда! Сакам да им кажам фала на МВР што пасошот се уште не ми е готов, кој ќе се замараше да оди во Италија во моја чест да се трујам со скапо вино и пармезан. Среќа.
Честитки на актерите и екипата!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button