Реклама
Наши ѕвезди

Кој ќе победи во „Ѕвездите на Гранд“? Нашиот Мики Секуловски еден од најголемите фаворити (фото)

Кого би сакале да го гледате во големото финале?

Реклама

Вечерва ќе се емитува полуфиналето од најгледаното музичко шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“ кога 20 одлични кандидати ќе се борат кој од нив ќе помина во големото финале.

Од нашата земја во полуфиналето ќе ги гледаме Андријана Петрушовска (24) од Скопје, Мики Секуловски (36) од Велес и 18 годишната Мелиса Зијадиќ од прилепското село Лажани.

Спектакуларното финале е закажано за 8 јуни, а кој од овие наши пејачи ќе го гледаме тогаш, ќе зависи од нивниот вечерашен настап.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Покрај пејачите од Македонија, за влез во финалето ќе се борат уште 17 други исто така одлични пејачи кои се покажаа како најдобри.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Сите тие со својата појава и изборот на песни ги освојуваа срцата на публиката во изминатиов период, а кој од нив ќе биде најдобар и ќе ја освои титулата, но и вредните награди на Гранд продукција кои минатата година ги освои Славица Ангелова, ќе зависи од менторите и гласањето во вечерашната емисија, но и од гласовите на публиката.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Во полуфиналето покрај Мики, Андријана и Мелиса ќе ги гледаме и Антонија Черкез, Петар Крекиќ, Бета Судар, Ријад Рахмановиќ, Дејан Дачевиќ, Јелена Проле, Стефан Томиќ, Џула Дрини, Сидик Шабановиќ, Дино Суљиќ, Шејла Зониќ, Мирза Пандур, Александра Иванов, Јанко Јанков, Јулија Петровиќ, Инел Нукиќ и Николина Перковиќ. Сите тие поминаа во претходната емисија кога Саша Поповиќ не можеше да одлучи кој од нив треба да го напушти шоуто, најавувајќи дека оваа одлука ќе ја донесе во вечерашната емисија.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Што се однесува до кандидатите од Македонија, сите тие се добри на свој начин и тешко дека некој уште сега би можел да каже кој од нив најмногу ја заслужува победата. Андријана оваа година е во тимот на Александар Милиќ Мили и со својот последен настап буквално растури и ја воодушеви публиката во Македонија, а Мики и Мелиса се во екипата на Цеца, и досега секој нивен настап беше одлиен и ги освои срцата на гледачите ширум регионот.

Инстаграм/ Шејла Зониќ

Од друга страна во тимот на Цеца е и Шејла Зониќ од Тузла, која исто така важи за фаворит и која досега ниту еднаш не беше во бараж, а покрај неа има уште неколку пејачи и пејачки кои навистина беа феноменални. Тука исто така многумина би ги издвоиле и Сидик Шабановиќ и Џула Дрини, но и Александра Иванов, па и Јанко Јанков од Бугарија беа одлични во речиси сите изминати кругови.

Инстаграм/ Шејла Зониќ

Сите тие вечерва ќе се натпреваруваат за големото финале и ќе дадат сé од себе за да поминат, а ние денес решивме кој од овие кандидати, според вас, имаат најголема шанса за победа во „Ѕвездите на Гранд“?

Инстаграм/ Мики Секуловски

На интересира за кого вие вечерва ќе навивате, па напишете ги нивните имиња во коментарите под овој пост на нашата Фејсбук страница…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button