Вирално

Кој нема да се вакцинира нема да смее да патува во странство? Експерт изнесе шоkантни тврдења

Advertisement

Тестовите на коронавирус не можат да гарантираат дека лицето не е заразено ограничено време, поради што е можно новата вакцина против оваа инфекција да стане едно од барањата за меѓународни патувања во текот на наредните неколку години.

Advertisement

Ова денеска го изјави помошникот на рускиот министер за здравство Сергеј Глагољев.

– За жал досега тестовите за верижна реакција на полимераза и антитела гарантираат дека пациентот не е болен прилично ограничено време, рече Глагољев.

– Се чини дека ковид-19 ќе остане со нас со години, за поотпимален пристап би било воведување на меѓународни шеми на вакцинација или активни сертификати кои покажуваат дека лицето ја преболело болеста и ги потврдило антителата или пак постојат одредени податоци за клеточен имунитет, рече Глагољев во текот на брифингот преку интернет посветен на првата руска вакцина против новиот коронавирус која Русија ја нарече „Спутник 5“.

Advertisement

Русија планира да направи пет милиони дози вакцини против коронавирус месечно во декември и јануари, рече директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и макробиологија „Гамалеја“, Александар Гинтсбург.

– Според планот, се очекува компаниите да го достигнат својот капацитет во декември или јануари. Капациетот треба да биде околу 5 милиони дози вакцини месечно, можеби и повеќе – рече Гинтсбург неодамна пред новинарите.

Ако биде така, целата земја ќе биде снабдена со адекватен лек за година дена, наведе тој.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна објави дека Русија ја регистирала првата вакцина против Ковид-19 во светот која ја разви центарот „Гамалеја“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button