Реклама
Наши ѕвездиХоливуд

Кој кого тепаше: Жал ми е што не те удрив посилно, му вели Амбер на Џони Деп во нова шокантна снимка

Реклама

Во разговорот на актерите и поранешни сопружници снимен во 2015 година, Амбер Херд признава дека во наплив на бес физички го нападнала Џони Деп, го провоцирала и на крајот му ветува дека нема повеќе да биде насилна.

-Кажи му на светот: „Јас, Џони Деп, маж, жртва сум на семејно насилство“. Кажи им го тоа и ќе видиме колку луѓе ќе ти веруваат или ќе застанат на твоја страна„, е само дел од шокантната снимка од разговорот меѓу поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп во кој актерката признава дека физички го злоставувала популарниот актер, патем говорејќи дека никој нема да му верува дека ситна жена како неа го нападнала мажот.

Снимката настанала во 2015 година во текот на брачна терапија, ден откако Деп тврдеше дека 33-годишната Херд го удрила.

Маркетинг

Адвокатот на актерот потврди дека 30-минутниот разговор е автентичен и дека и актерот и Амбер знаеле дека се се снима.

„Не те удрив со рака. Жал ми е што посилно не ти удрив шамар, но не те измавав. Љубов, не беше нокаутиран. Не знам точно какво движење направив со раката, ама добро си. Не те повредив, не те измавав. Само те удрив. Навистина си бебе“, рече Амбер на која Деп и одговори:

Маркетинг

„Јас сум бебе зошто ти започнвуваш физички насилни кавги?“

Вознемирената Херд на снимката признава дека физички е насилна зошто Деп се повлекува секогаш кога ќе настане било каков вид препирка.

При крајот на снимката, откако Херд се смирила, заклучуваат дека мора да поработат на бракот и подобро да комуницираат.

„Те сакам најмногу на свет. Не сакам да те оставам. Не сакам развод. Не сакам да си одиш од мојот живот. Сакам мир, но ако повторо дојде до физичка пресметка, ќе мора да се разделиме“, рече 56-годишниот Деп.

„Не можам да ти ветам дека нема да бидам насилна, понекогаш толку се лутам што едноставно пукам. Можам да ти ветам дека ќе се обидам да се средам, но нема да споменувам развод“, одговори Амбер.

Година дена откако настана снимката таа поднесе барање за развод на бракот и побара забрана за пристап тврдејќи дека Деп неа физички ја злоставува.

Во тоа време не смееја да зборуваат за снимката од разговорот, а очигледно тоа го прекршиле.

„Ме убиваш! Мојот син на училиште го малтретираат зборувајќи му дека тепа жени. Не размислуваше за вакви работи, Амбер!“, загрижено рекол актерот.

Херд во текот на телефонскиот разговор се присети на кавгата која избила само месец дена по нивната венчавка кога Деп остана без делче од прстот.

-Прости ама се исплашив за својот живот. Мислев дека случајно ќе ме убиеш. Ти го кажав тоа, му вели Амбер.

-Амбер останав без прст! Ми фрли лименка во лице и ми го пресече прстот со шише од вотка, и одговара актерот.

Да потсетиме, тие двајцата се разведоа во 2016 година, а таа со разводот доби 7 милиони долари кои ги даде во хуманитарни цели. Во 2018 година испрати отворено писмо во кое тврдеше дека била жртва на семејно насилство, а Деп и одговори со противтужба.

По објавувањето на овие снимки фановите на актерот побараа правда за него. Покренати се петиции тој да се врати во франшизата „Пирати од Карибите“, а на Амбер да и се одземе улогата во новиот филм Аквамен 2“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button