Кој е таткото на Марио, бебето на Марија Шерифовиќ? Популарната пејачка го оствари својот сон (фото)
Музичката ѕвезда Марија Шерифовиќ го оствари својот животен сон да држи бебе во рацете
Пејачката ги „шокираше“ сите со преубавата вест
Пејачката Марија Шерифовиќ ги изненади сите кога објави фотографија од бебето што го доби од сурогат мајка.
Како што пренесе порталот „Блиц“, бебето е родено на клиника во Лос Анџелес, а јавноста откако веста беше објавена веднаш почна со претпоставки околу тоа кој би можел да биде татко на детето.
Но таа не сакаше да ги сподели информациите, па само напомена дека кога ќе дојде време Марио ќе дознае сé.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Таа ја објави и првата фотографија од синот на Инстаграм, а како изгледа оваа прекрасна глетка погледнете во продолжение.
Бебето е родено на почетокот од декември, во клиника во Лос Анџелес, а Марија присуствувала на породувањето. Таа заедно со својата мајка Вера Шерифовиќ отпатува во Америка неколку недели претходно за да биде со сурогат мајката за време на породувањето.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Таа целиот процес околу бебето го држеше во тајност и за тоа знаеја само најблиските. За името Марио се одлучи заради симболика – потекнува од зборот „маре“ што значи море како и „марем“ што претставува машко, односно глава во семејството.
Исто така и нејзиното име Марија понекогаш се зима како корен на името Марио, што исто така е интересно.