На денешен ден го славиме Свети Лука
Свети Лука е еден од првите проповедници на христијанството, современик на Исус Христос и автор на едно од четирите евангелија.
Црквата верува дека лично ја познавал Богородица и дека трите икони со нејзиниот лик што светителот ги има нацртано се најблиску до нејзиниот вистински лик. Поради ова се смета дека тој е основачот на христијанскиот иконопис. Неговите мошти се наоѓаат во Истанбул.
Свети Лука се почитува како заштитник на лекарската професија и многу болници. Тој е заштитник на медицината и фармацијата, болниците и аптеките, лекарите, фармацевтите и болните.
Познато е дека лекувал бесплатно, а верниците веруваат дека неговите мошти имаат исцелителна моќ.
Според верувањата, се смета дека светецот претскажува каква ќе биде зимата. Ако на овој ден добитокот лежи со свиткани нозе, ќе биде долга и ладна зима.
Животот на Свети Лука
Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност.
Тој ги има насликано првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Затоа Свети Лука го сметаат и за основат на иконописот во Црквата.
Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт. Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија. По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму во Грција.
Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво.
Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.