Кој е милијардерот што понуди 100 милиони евра за обнова на Богородичната црква во Париз и како го освои срцето на познатата холивудска актерка
Франсоа Хенри Пино е сопруг на познатата актерка Селма Хаек и француски милијардер кој ќе издвои 100 милиони евра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз која во понеделникот беше зафатена од пожар.
Катедралата беше спасена по осумчасовната борба со огнот од страна на храбрите француски пожарникари, но се сруши кровот и кулата висока 96 метри,
Причината за пожарот се уште не е позната, но некои медиуми објавија дека би можела да биде нешто поврзано со работата на обновата на оваа 850 години стара градба.
Семејството Пино, вклучувајќи го и Франсоа, кој е во брак со познатата актерка, наводно ветило 100 милиони евра за реставрација на познатото издание.
Понудата од милијардерот кој е сопственик на Гучи и Ив Сен Лоран следуваше само неколку часа откако францускиот претседател Емануел Макрон започна меѓународно собирање на средства и вети дека катедралата која повеќе не е иста, за брзо време ќе биде повторно обновена.
„Мојот татко и јас одлучивме да издвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкција на Нотр Дам“, соопшти Пино, пренесуваат странските медиуми.
Крал на луксузот
Пино веќе со години е на чело на Керинг, која во своја сопственост ги има светски познатите брендови како Гучи, Ив Сен Лоран, Стела Макартни, Александар Меквин, Ботега Венета, Баленцијага, Серџо Роси и многу други. Освен по својата модната империја, тој на јавноста и е познат и како сопруг на популарната актерка Селма Хајк.
Непријатни изненадувања
Познатиот пар се запозна преку нивни заеднички пријатели во Венеција во 2006 година, а само една година подоцна, Селма ја роди ќерката Валентина Палома. Нивниот однос беше обележан со скандали поради неговата краткорочна врска со супермоделот Линда Евангелиста, со која што доби го синот Августин Џејмс Евангелиста во 2006 година. И бидејќи во тоа време ја запозна Селма, Пино сакал да ја напушти Линда и не сакал да го признае својот син или да плати за неговата алиментација. Подоцна призна дека барал од Линда да абортира, а таа не го направила тоа. Неколку месеци откако се роди Августин, а Селма остана во блажена состојба, докторите и прогнозираа дека ќе има дете со Даунов синдром. Тоа беше доволно за Пино да побара од Линда да го одложи процесот за признавање на татковството.
https://www.instagram.com/p/BwSrlzRlghr/?utm_source=ig_embed
Таинствена венчавка
Пино и Селма одлучија на Денот на вљубените во 2009 година тајно да се венчаат кај матичар во Париз. Тие два месеци подоцна ги обновија своите завети во присуство на 150 гости на раскошна церемонија во Венеција. Не е познато како Селма дознала за вонбрачното дете на својот партнер, но тоа беше причината за тие да ја прекинат нивната врска во јули 2008 година, по што таа заедно со ќерката се врати во Холивуд. Но милијардер не ја пушти така лесно, па купи луксузна вила во Лос Анџелес и ја препиша на нивната ќерка.
https://www.instagram.com/p/BnB-wlVngEI/?utm_source=ig_embed
Брачните другари подоцна ги поправија односите, а за тоа сведочи и нивната трета обнова на заветот на плажа на Бора Бора која се случи минатата година. За тоа не знаеше ни самата Селма која потоа не го криеше воодушевувањето од изненадувањето на нејзиниот романтичен сопруг.
На интимната церемонија на плажата во Бора Бора присуствуваше и нивната 11 годишна ќерка.
Пино пред Селма беше во брак со жена која не е многу позната во јавноста, а од неа има две деца, син Франсоа и ќерка Метилда. Целото семејство е во добри односи и не ретко ужива во заеднички дружења.
https://www.instagram.com/p/BwSbSGnnoFF/?utm_source=ig_embed