Кој е келнерот од Македонија што го споредуваат со Исак Шабановиќ? Цеца го доби, а го посакуваат сите!
Пејачот никого не остави рамнодушен
Се појави на сцената и веднаш им ги осои срцата на сите
Македонскиот пеја Мики Секуловски се појави на грандиозната сцена во „Ѕвездите на Гранд“ и веднаш им ги освои срцата на сите.
Во шоуто беше претставен како келнер, бидејќи Мики тоа навистина го работеше во Белгија во изминативе години.
Имено, 36-годишниот велешанец кој во нашата земја е познат и по неговото учество во македонскиот „Идол“, каде во младоста ги воодушеви сите со неверојатниот талент за пеење, по долги години реши да си ја проба среќата и очигледно тоа беше вистинскиот избор.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мики уште со самото појавување на сцената го привлече вниманието како на публиката, така и на жирито, а со своите изведби на „Сонце за три светови“ од Џафер и „Не зови мама доктора“, од „Прљаво казалиште“ направи такво шоу што сите го споредија со Исак Шабановиќ, момчето кое со својот прв настап во ова музичко талент-шоу достигна неверојатна популарност. Тој веднаш заврши во тимот на Цеца, која како што самата изјави дека не го дава ни за „жива глава“.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, Мики по учеството во македонскиот Идол каде беше еден од најдобрите учесници, издаде неколку песни и спотови.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но како што самиот откри во шоуто, во последните неколку години не се занимава со музика, туку работел како келнер.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
На ова жирито му коментираше дека има неверојатен талент и ако продолжи вака и во следните кругови, ќе направи блескава кариера.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
А дали тоа навистина ќе биде така, во што ние воопшто не се сомневаме, останува да видиме и заедно со нашата публика сите заедно да допринесеме овој талентиран и шармантен пејач да го добие она што навистина го заслужува.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
На крајот од галеријата потсетете се и како изгледаше и како звучеше Мики во македонскиот Идол…