Реклама
Наши ѕвезди

Кој е згодниот Турчинот за кој се шушка дека го освоил срцето на Емина? Познатата пејачка ја изненади цела Турција со овој потег

Реклама

Љубовниот живот на Емина Јаховиќ во последно време се почесто е тема како во нашите, така и во турските медиуми.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Но овој пат паралелно со приказните за нејзиниот судски процес со поранешниот сопруг Мустафа Сандал пејачката и самата ги подгреа озборувањата и сега се погласно се „шушка“ дека конечно пронашла сродна душа.

Познатата пејачка Емина Јаховиќ за својот приватен и љубовен живот не дискутира јавно, но и покрај тоа секогаш е во епицентарот на вниманието на медиумите и љубопитните фанови.

Овие озборувања ги подгреа и тоа што во екот на судењето за неплаќањето на алиментациите од страна на нејзиниот поранешен сопруг, пејачката објави фотографија од маж и напиша емотивна порака.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Емина со овој чекор ги збуни сите, посебно фановите во Турција на кои им е добро познато лицето од фотографијата.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Имено, таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија од Рашит Багзибали, маркантно име во Турција кој доаѓа од светот на модата и јавно му го честиташе роденденот нарекувајќи го „душо“.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Рашит Багзибагли

Не е познато дали во прашање е само пријателство или има нешто повеќе меѓу нив двајцата, но факт е дека Емина никогаш јавно не зборува толку емотивно за претставниците на посилниот пол.

Фото: Инстаграм/ Рашит Багзибагли

Емина со ова ги поттикна гласините дека Рашит можеби е нејзиното ново момче, а дали има вистина во тоа, наскоро ќе се дознае.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Мустафа и уплатил скоро 100.000 евра?

Инаку, Емина ја изненади јавноста кога откри дека нејзиниот поранешен сопруг, турскиот поп пејач Мустафа Сандал, повеќе од две години не и плаќал алиментација.

Таа заради алиментациите го тужеше, а тој и врати со иста мера, како што пишуваа неодамна турските медиуми.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Поранешниот сопруг на Емина во образложението навел дека таа заработувала подобро од него благодарение на козметичкиот бренд, додека тој не бил во можност да се занимава со својата работа заради пандемијата. Но ако можеме да им веруваме на последните информации што ни пристигаат од Босфорот, приказната во следните месеци би можела да тргне во сосема поинаква насока.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

И покрај тоа што во ваквите случаи турскиот суд обично е на страната на жената, постапката овој пат беше сопрена.

Фото: Инстаграм/ Мустафа Сандал

Сандал во меѓувреме им доставил на надлежните изводи од банка, а бројните уплатници покажуваат дека на својата поранешна сопруга и платил вкупно 968.000 турски лири.

Мустафапо разводот исто така на Емина и уплати и 750.000 лири за изнајмување на вила во елитен кварт, па судот го прифати неговиот приговор и го одложи случајот закажувајќи го следното рочиште за 20 јануари.

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Фото: Инстаграм/ Емина Јаховиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button