Реклама
Вести

Кој и зошто го уби матичниот доктор во скопска Железара

Реклама

Матичен доктор вчера вечерта бил убиен пред поликлиниката во скопска Железара.

Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на паркот Железара. Полицијата потврди дека синоќа околу 23 часот, синовите го нашле лекарот во автомобилот пред поликлиника Железара откако почнале да го бараат бидејќи не се вратил дома.

Откако го нашле повикале Итна помош и се обиделе да стигнат до поликлиниката. Кога Итната помош стигнала, лекарите не можеле да му помогнат на својот колега и констатирале смрт.

Маркетинг

-На паркингот пред Поликлиника Железара пронајден е 67-годишен скопјанец со убодни рани. Според пријавеното, него го пронашле синовите коишто тргнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

Маркетинг

Лекар од итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Во координација со ОЈО, СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот, вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Увидот на истражните органи траел речиси цела ноќ, а возилото беше отстрането изутрината околу 9 часот со помош на „пајак“ службата.

fejsbuk

Истражните органи сега ги анализираат трагите најдени на местото, а ги прегледуваат и снимките од безбедносните камери во околината на Поликлиниката. На влезот на објектот поставена е безбедносна камера која снима токму кон сребрената „киа“ но нејасно е дали таа ќе може да им даде целосна слика на истражителите поради дрвата и летниковецот кои затскриваат дел од паркингот.

Докторот не бил вработен во Поликлиниката, но ги користел просториите на објектот.

Матичниот доктор околу 20 години работел во објектот на Поликлиниката Железара каде под концесија држел амбуланта. За неколку месеци требало да замине во пензија, а меѓу колегите важи за врвен доктор со огромен стаж.

Мотивите и причините за убиството на лекарот Трповски се уште се непознати. Но, Поликлиниката се наоѓа веднаш до Парк Шума Гази Баба и нејзиниот паркинг често го користат посетителите. Локалното население вели дека возилата на паркингот често се мета на кражби.

-На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, во парк во близина на поранешна фабрика Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Јавен обвинител изврши увид, а сега ОЈО ќе ги прегледува снимките од безбедносните камери.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button