Реклама
Вирално

Кој го користи стравот на граѓаните од корона за да заработи од превисоките цени на маските?

Реклама

Маските кои до вчера чинеа околу 3 денари, во повеќето аптеки сега се продаваат и по минимум 10 пати повисока цена.

Опасниот корона вирус предизвикува воспаление на градите и бронхитис, и од кој во Македониј досега има заболено 26 лица, ги алармираше граѓаните кои почнаа да преземаат сите неопходни мерки за да се заштитат од вирусот. Тоа значи редовно да ги мијат рацете, во своите домови да имаат средства за дезинфекција и да носат заштитни маски. Некои наши граѓани заради страв, а други заради здрав разум, скокнаа во најблиските аптеки за да ги набават неопходните средства, но таму ги чекаше непријатно изненадување.

Маркетинг

Имено во повеќето аптеки средства за дезинфекција заштитни маски нема ни за лек, а во оние во коишто има, тие се продаваат за многукратно повисоки цени од вообичаените. Па така маските кои до вчера се продаваа за само неколку денари, сега се продаваат за 40, 50 па и повеќе денари. И оние поквалитетните кои до пред епидемијата беа околу 100 денари, сега се околу 400.

И цената на средствата за дезинфекција скокна драстично што можете да го видите од фотографијата во продолжение.

Маркетинг

Kривични пријави за оние што ќе качуваат цени?

По реакциите на граѓаните дека маските и препаратите за дезинфекција неколкукратно се поскапени од здружението на приватни аптеки велат дека не се профитери туку ваквите суми се резултат на зголемување на цените од страна на добавувачите. Од друга страна министерот за економија Крешник Бектеши доцна синоќа на својот фејсбук најави дека од денес ќе има високи казни за тие што неосновано ги зголемуваат цените на основните производи.

Станува збор за леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства. Трговците нема да смеат да ги зголемуваат цените на основните производи повеќе од цената која е утврдена како референтна, а таа е онаа што тие продукти ја имале на денот кога СЗО прогласи пандемија, односно 11 март.

Казните за ваква злоупотреба се движат од 1500 до 3000 евра

„Кој и на каков начин ги зголемува цените. Тоа ќе реагираме најостро како Влада, заради тоа што не може во рамки на една криза во Северна Македонија, некој да профитира. Ако мисли некој да профитира на сметка на граѓаните и на сметка на здравјето на граѓаните, се лаже. Институциите ќе функционираат, таму каде што ќе видиме дека има сериозни пропусти и на кои што профитот им е поважен од здравјето на граѓаните, секако дека ќе следуваат соодветни санкции врз она што ќе го утврдиме“, изјави техничкиот Премиер Оливер Спасовски.

Од друга страна, од Агенцијата за лекови досега не излегле во јавност да кажат дали некој профитира во целата ситуација и дали и тие вршат вонредни контроли.

Исто така дел од граѓаните реагираат зошто и заштитните маски не се ставени во оваа категорија на производи чии цени нема да смеат да се зголемуваат.

Путин до аптеките: Ако ги поскапите маските, останувате без лиценца

Владимир Путин им порача на аптеките дека ќе им биде одземена дозволата за работа доколку ги зголемат цените на заштитните антивирусни маски. Русија, која минатата недела ги пријави првите два случаи на заразени од коронавирусот, веднаш ги врати своите туристи од Вухан, епицентарот на епидемијата, назад во матичната земја.

Путин го ограничи и преминувањето на патници во должина од 4.300 километри на руската копнена граница со Кина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button