Која е разликата помеѓу СКОРПИЈА родена во октомври и во ноември
Луѓето родени во деновите помеѓу 23 октомври и 22 ноември може да се пофалат со силен и страстен карактер
Според астролозите луѓето родени во ист хороскопски знак може значително да се разликуваат во зависност од месецот на раѓање.
Луѓето родени во деновите помеѓу 23 октомври и 22 ноември може да се пофалат со силен и страстен карактер, но постојат некои разлики помеѓу Скорпиите родени во октомври и оние родени во ноември, кои ги прават уникатни.
Скорпии родени во октомври
Страсни и импулсивни: Почетокот на сезоната на Скорпија носи силни емоции. Скорпиите родени во октомври често се поинтензивни и имаат тенденција да донесуваат импулсивни одлуки врз основа на своите моментални чувства.
Љубов кон уметноста: Многу астролози веруваат дека Скорпиите родени во октомври се повеќе склоникон креативно изразување, без разлика дали станува збор за пишување, сликање или музика.
Отворени и друштвени: Додека сите Скорпии се познати по својата таинственост, Скорпиите родени во октомври често се по склони да ги споделат своите чувства и да се отворат кон другите.
Скорпии родени во ноември
Длабоки мислители: Скорпиите родени во ноември често се поинтроспективни и посклони кон длабоко размислување за животот, смислата и сè што ги опкружува.
Трпеливи и промислени: Додека Скорпиите родени во октомври се поимпулсивни, оние кои се родени во ноември често обрнуваат внимание на деталите и размислуваат за сите опции пред да дејствуваат.
Посилна интуитивна страна: Се верува дека Скорпиите родени во ноември се особено чувствителни на промените во опкружувањето и имаат посилна интуиција.