Која е охриѓанката што го освои второто место на едно од најгледаните музички талент-шоуа на Балканот
Нова ѕвезда на нашето естрадно небо

Македонката го освои второто место
Откако имавме прилика да ги слушнеме финалистите за прв пат во живо како ги изведуваат нивните први песни што ги направиле заедно со своите ментори и нивните тимови, во топ 3 финалисти кои жестоко се бореа за титулата влегоа Џана Смајо, Тома Миловановиќ и шармантната Барбара Поповиќ од Македонија.
Од дванаесетте финалисти и финалистки победата во втората сезона на „ИДЈ шоу“ ја однесе Џана, додека Македонката заврши на второто место.
Фото: Принтскрин/ ИДЈ Шоу
Инаку, охриѓанката Барбара во ова музичко талент-шоу ги освои сите со својата изведба на песната „Зајди, зајди“.
Фото: Принтскрин/ ИДЈ Шоу
Шармантната Барбара е дипломиран оперски пејач, а има завршено средно и основно музичко училиште.
Фото: Инстаграм/ Барбара Поповиќ
Таа во популарното шоу се претстави со песната „Ватрена“ која веќе има преку два милиони прегледи на Јутјуб.
Фото: Инстаграм/ Барбара Поповиќ
Како Барбара звучеше и изгледаше во ова шоу, но и како звучеше победничката Џана, погледнете и слушнете во продолжение…