Која е Едита, девојката што му се пушта на Кајмакоски? Погледнете како изгледаше пред десетина години (фото) (видео)
И на Кајмакоски не му е лесно
Откако се разведе од својата 13 години помлада сопруга, Даниел Кајмакоски реши да и се врати на својата кариера.
Тој е еден од учесниците во популарното шоу „Твоето лице звучи познато“, и како што пренесуваат медиумите, токму и неговото лице звучи најпознато. Но откако на Интернет се појави една несреќна фотографија направена од српскиот „Курир“ на која Кајмакоски изгледа како да го покажува албанскиот двоглав орел, многумина го нападнаа и осудија поради таквиот негов чекор.
Поради ова Даниел реши да објави отворено писмо до медиумите во кое ја објасни целата ситуација, и јавно се извини објаснувајќи дека само ги покажувал лакираните нокти и дека немал намера да покаже никаков симбол. По ова колегите и продукцијата на „Твоето лице звучи познато“ застанаа зад него и го поддржаа пред публиката.
На негова страна застана и атрактивната млада пејачка Едита Арадиновиќ која целосно му ја даде својата поддршка. Таа на социјалните мрежи објави и една фотографија на која што се во прегратки, а под која напиша:
„Се сакаме бидејќи ништо друго не е важно! “
Ова само дополнително ги загреа гласините дека помеѓу Кајмакоски и Едита нешто се случува и дека не е во прашање само пријателство.
Која е Едита Арадиновиќ?
Едита ја освои публиката со „Министерки“. Таа пред осум години се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ кога не успеа да стигне до финалето, по што се откажа својата слава да ја бара во овој натпревар, па пред да започне со својата соло кариера стана фронтмен на „Министерки“.
И покрај тоа што директорот на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ често истакнува дека ниту една исфрлена девојка од Ѕвездите на Гранд не успеала да направи своја кариера, токму Едита, па и нејзината колешка Ивана Селаков, се одлични примери дека Саша не е 100 % во право.
Таа важи за атрактивна млада дама и е мошне популарна на социјалните мрежи каде редовно објавува свои фотографии, а како изгледаше на почетокот на својата кариера, во 2010 и 2011 погледнете во продолжение.