Костим за капење во кој можете да поминете цело лето – Македонката Барбара изгледа неодоливо во него
Едноделните костими за капење никогаш не изгледале толку добро, а овој модел е најжешкиот хит
Нејзиниот костим за капење е посебна приказна…
Матурантката Барбара Ракичевиќ ужива во својот летен одмор, па објави и неклку провокативни фотографии.
Наследничката на поранешната македонска водителка Мелита Ракичевиќ, која како и сите девојки од нејзината генерација сака да се фотографира на најразлични места и да објавува фотографии, покажа неколку моменти од плажа со кои никого не остави рамнодушен.
Откако само еден ден претходно позираше во кусо здолниште и мрежеста блуска, Барбара овој пат се пофали со новиот костим за капење.
Мораме да забележиме дека таа изгледа и повеќе од жешко во овој модел заради што сигурно мами воздишки на плажата.
Во прашање е едноделен црн модел со големи прорези кои го истакна занесното тело на убавата Барбара во преден план.
Таа на една од фотографиите позира со свртен грб и со „позадината“ во преден план, додека на другата ужива на лежалката.
Инаку, токму ваквите модели на костими за капење се хит оваа сезона и многу познати дами обожаваат да ги носат.
Впрочем, едноделните модели се евергрин и никогаш нема да излезат од мода, но ваквите „cut-out“ дизајни се посебна приказна.
Овој неодолив тренд од фустаните се пресели и на костимите за капење и важи за еден од најголемите хитови за оваа сезона.
Отворите на едноделните модели им даваат прозрачност и на суптилен начин откриваат повеќе кожа, така што како краен резултат добивате поприлично впечатливо и заводливо издание за плажа.
Неколку вакви интересни модели погледнете во продолжение:
Toп костими за капење за 2023
Shein
Seafolly (at Beach Cafe)
White Fox
AllSaints
River Island
H&M
Boden
Zimmerman
Pretty Little Thing
Bikini Bible
Asos