Коста го знаеме, но погледнете каква убавица е неговата избраничка – најпознатиот ерген скокна во тавчето на оваа битолчанка
Важеше за еден од најпосакуваните ергени од владејачката партија и покрај т0а што долго време беше во врска.
Портпаролот и пратеникот Коста Костадинов важи за еден од омилените политичари од помладата генерација меѓу симпатизерите на владејачката партија. Но и покрај неговата популарност, многумина не знаат како изгледа неговата девојка Марија Десанова која што недамна ја запроси.
Имено, тој пред само неколку дена реши да ја побара раката на својата девојка, па откако ја запроси на социјалните мрежи се пофали со свршеничкиот златен дијамантски прстен со кој го освои срцето на саканата.
Еве што напиша тој тогаш:
„Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе“ напиша тој и додаде:
„Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“ , напиша Костадинов на својот профил на Фејсбук.
Марија е негова голема поддршка, а како што дознава Гламур, од нивни блиски, важат за исклучително складен пар.
Откако ги сподели среќните вести на својот профил на Фејсбук, пријателите и фановите му упатија бројни честитки и им посакаа долг и среќен брак. За сега не е познато кога овој убав момент ќе го одбележат и дали и за кога планираат свадба, но со оглед на рестриктивните мерки во државава заради вирусот корона, тие најверојатно плановите ќе мора да ги одложат за во иднина, кога ќе заврши пандемијата.
Инаку, Коста е познат по својот елегантен стил и важи за еден од најпосакуваните ергени меѓу политичарите од помладата генерација. Но оние што го познаваат за него велат дека е вљубен човек и голем романтичар, посебно откако ја сретна својата сродна душа.
Како што пишуваат македонските медиуми, парот живее во стан во Скопје. Марија по потекло е од Битола, а на социјалните мрежи и двајцата ретко споделуваат детали од нивниот приватен живот. Освен неколку фотографии на кои се заедно и од кои можеме да видиме дека изгледаат среќно и исполнето со љубов, но и дека во прашање е убава жена, која има одличен моден стил.
Инаку, Коста неодамна на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографија и од неговата сестра, а под неа напиша емотивна порака:
„Животот е преполн со моменти.
Некои од нив се тешки, помалку или повеќе, но некои од нив се толку убави, среќни што те оддалечува од тежините на смислата на животниот тек.
Од вчера мојот живот доби друга смисла.
Сестра ми, мојата поддршка, мојата другарка, мојата спаринг партнерка за тренирање на нерви, се венчаше.
Горд сум за нејзе и среќен сум што покрај нејзе добив и брат, нејзиниот животен сопатник Никола.
„Да сте ми живи и здрави и од Бога благословени. Ве сака бато!“ пишува Костадинов на својот профил на Фејсбук.
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов
Фото: Фејсбук/ Коста Костадинов