Костадинка имаше тумор пред да почине, а овие големи трагедии ја следеа до крајот на животот (фото)
Голема тага го преплави целиот Балкан, почина познатата македонска актерка Костадинка Велковска

Тажната вест ја потврди нејзиниот син
Почина Костадинка Велковска, познатата хрватска театарска и ТВ актерка и пејачка со потекло од Македонија.
Како што откри за „24сата.хр“ нејзиниот син Никола, неговата мајка починала во неделата во старечки дом.
Костадинка почина на 76 годишна возраст, а засекогаш ќе остане по бројните серии и филмови во кои што глумеше.
Како што изјави нејзиниот син Никола за споменатиот портал, таа била болна и се борела осум месеци, а ќе биде закопана во четврток, на 14 март, во Крематориумот Мирогој во 14 часот.
Принтскрин/ Јутјуб
Потсетуваме, актерката во текот на летото имаше мозочен удар што беше сместена во старечки дом во Загреб.
Пред да го доживее мозочниот удар на актерката и бепе отстранет бениген тумор во мозокот, но се појави уште еден, па потоа и трет.
Како што самата откри на почетокот на април минатата година, повеќе време минува во ординација, отколку на сцена.
Костадинка е родена во Скопје, 1949 година, а позната е и како пејачка на шансони и тоа на најразлични јазици.
Принтскрин/ Јутјуб
Во својата богата кариера се има појавено во голем број телевизиски филмови и серии, а важеше и за една од најпознатите театарски актерки од времето на поранешна Југославија која месечно знаеше да одигра и до 37 претстави, а годишниот просек и беше околу 270 изведби.
Костадинка на 18 години заминува од Скопје за Загреб за да се запише на Академијата за драмски уметности.
Таа истовремено одела и на часови по виолина и пеење, а на академијата успеала да се запише од прва.
Во театарските води запловува уште како студентка на прва година, и тоа во сите театри во Загреб кои барале млади актери, а еден од колегите со кого што глумела во тоа време беше и Раде Шербеџија.
Принтскрин/ Јутјуб
Најголемата трагедија во животот
Во приватниот живот имала големи трагедии, а една од најголемите е кога ќе ја изгуби нејзината сестра, која исто така живеела во Загреб, а која ќе почине на 21 годишна возраст во несреќен случај. Таткото на Костадинка, Благоја, првоборец во НОБ, кој работел во полиција, секогаш зборувал дека најтешката работа во животот е загуба на дете, па не можел да ја поднесе болката и извршил самоубиство.
Горда на своето македонско потекло
Костадинка своите емоции најчесто ги изразува со песна, а неретко на сцената знаеше и да заплаче.
И како што велеше за хрватските медиуми, за тоа најзаслужни се нејзините македонски корени.
„Не велат за џабе за Македонците дека прво почнуваат да играат, па да чекорат. И најпрво ќе почнат со пеење, а потоа ќе прозборат. И кога се тажни, тие знаат да запеат, со солзи. Често ми се случува во текот на изведба да плачам и пеам, но знам како да го контролирам гласот“.
„Кога ќе научам некоја тажна песна, знам да плачам без престан. Има една анегдота кога мојот син Никола имаше пет години, а јас ја учев пената „Што те нема“, која беше страшно тажна. Пеам и плачам, а детето само ме гледа. Чистам со правосмукалка, пеглам и плачам. Кога беше концертот со мојот покоен маж Дамир Покрајац кој ме пратеше на гитара, Никола со мајка ми седеше во публиката. Јас ја најавувам песната и велам дека прв пат ќе ја пеам, а Никола се врти кон публиката и вели: ‘Леле, сега ќе видите, само ќе плаче’“, изјави познатата артистка во една пригода за хрватскиот „Јутарњи“.