Косата почна да и обелува на млади години – но наместо да се бори со проблемот, ја остави својата природна боја и изгледа прекрасно
На Сари Ајзенман од Аризона косата почна да и обелува кога имала само 21 години, и тоа речиси преку ноќ.
Од тие причини решила дека мора да почне да ги крие своите бели влакна фарбајќи се секоја недела, за никој да не ги забележи првите знаци на стареење.
Но кога пред седум години го родила второто дете, поради преголемите обврски не успевала да се грижи толку за косата, па едноставно не и придаваше толку големо значење. И тогаш за прв пат заблеска со нејзината природна боја. И откако повеќе не ја фарба се чувствува посекси од кога било претходно, а тоа се гледа и од нејзиниот Инстаграм.
Таа денес кога ќе слушне дека некој опсесивно ги покрива своите бели влакна само ќе се насмевне, но и ќе се присети дека во тие 15 години чувствувала голем срам ако би се појавело и едно бело влакно. Таа дури и неколку часа пред да се породи со спреј ја бојадисала косата во црно.
Таа денес е неврологот и авторка на неколку книги и вели дека сега го прифаќа својот природен изглед, кој со години се обидувала да го сокрие, а во тоа има голема поддршка од нејзиниот сопруг Ханан (45). „Одеднаш сфатив дека мојот срам во врска со косата е поврзан со други работи кои се сокриваат, а се базирани на социјална индоктринација. Но појавувањето на мојата бела коса беше потполно ослободување од таквиот срам и радикална подготвеност да бидам она што сум и конечно да бидам слободна“, вели Сара.
Таа денес е свесна дека нејзината коса предизвикува многу реакции, но повеќето се позитивни. Многумина и се приближуваат бидејќи сакаат да ја допрат нејзината коса. Таа се чувствува подобро отколку порано.
„Чувствувам дека мојата коса е симбол на природната убавина и слобода“, вели таа.