Познатата ријалити ѕвезда, Кортни Кардашијан, се прошета во кожен фустан и ги остави сите без здив.
Кортни кожниот фустан го носеше со шик сандали со врвки, а од фотографиите можеме да видиме дека изгледа одлично, па дури и многу подобро од нејзината сестра Ким.
Познатата Кардашијанка и покрај тоа што има 40 години и три породувања зад себе, со нејзиното тело може да им парира на многу помлади девојки.
Инаку, кожните фустани се „муст-хев“ парче во плакарите на секоја трендсетерка. Посебно сјајните кожни модели (или од латекс) кои се наменети за екстра авантура. Најдобро стојат оние кои се екстремно тесни, залепени, без ракави и со рамни линии на пределот на деколтето, но и моделите кои полека од пределот на колковите елегантно се шират.
Што се однесува до Кортни, таа избра модел кој во преден план ги стави нејзините раскошни облини.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Кортни?