Реклама
Вирално

Корона вирусот направи вистински хаос во Америка – Трамп испрати војска на улиците, граѓаните откажуваат послушност

Реклама

Во Америка се шири нервоза заради вирусот корона.

Новото жариште на пандемијата на коронавирусот сега е САД, каде што бројот на потврдени случаи достигна скоро 86.000, а знаци на напнатост и нервоза се забележуваат на секој чекор. Дополнителна паника беше предизвикана од движењето на војската низ целата земја. Бројни видеа се појавија на социјалните мрежи од американските градови, а исто така и надвор од населените области по автопатите, кои го забележуваат движењето на воените конвои, кои дури содржат и оклопни возила.

Маркетинг

Властите во Америка не само што се плашат од коронавирусот, туку и да не се појават широки социјални немири, бидејќи за само една недела три милиони луѓе останаа без работа, многумина среде пандемија немаат здравствена заштита, болниците се пренатрупани и се во дефицит со неопходни медицински материјали, респиратори…

За зголемените тензии зборува и судирот меѓу полицијата и афро-американското население на Мајами бич, каде граѓаните одбија да се повлечат во своите домови и ги прекршија мерките за изолација. На видеото се гледа како полицаец ги пцуе луѓето кои не сакаат да се разотидат, по што се случува физичка расправија, а полицијата го фаќа младиот човек и пукаат со маневарска муниција како предупредување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button