Вирално

Короната ќе ја снема, нивните имиња ќе останат уште долго: Се родија бебиња со најчудни имиња

Advertisement

Пандемијата од коронавирус на милиони луѓе ширум светот им ги промени животите, а некои изгледа и трјно ќе бидат обележани, барем во документите.
Родителите на своите новороденчиња инспирирани од коронавирусот им даваат чудни имиња.

Така откако се родија близнаците Корона и Ковид, испливаа уште стотици примери на креативни и бизарни имиња, кои деца ги добиле во изминативе недели.
Така во Индија, покрај Корона и Ковид се роди и Санитајзер.

Advertisement

Во креирањето побизарните корона-имиња први се Индиците, па така кај нив се роди и еден Локдаун.

Една двојка на Филипините не можеше да одлучи дали детето кое им се родило на почетокот на годината дали да го крстат по загинатиот кошаркар Коби Брајант или по вирусот, па момчето си доби име Ковид Брајант.

Има и такви помалку бизарни имиња врзани за несреќата што ја зафати планетата. Се попопуларни се имињата кои значат „виножито“, како и скратениците од карантин и пандемија Тина и Деми.

Advertisement

Едно од најубавите имиња кои родителите овие денови ги даваат на своите деца секако е Пејшнс (Patience) што значи трпение.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button