Реклама
Вирално

Короната не е најлошо што им се случило: Пациентите со КОВИД ги имаат и овие симптоми

Реклама

Во овој период на интензивна борба со коронавирусот насекаде низ светот, забележан е и се поголем број на повици до СОС линиите, се јавуваат лица кои се во домашна изолација зошто се позитивни на ковид-19, вели д-р Ивана Сташевиќ Карличиќ, директор на Клиниката за психијатрија „д-р Лазо Лазаревиќ“ во Белград.

„Бројот на психијатриски прегледи или хоспитални лекувања во клиниката не е зголемен во однос на истиот период претходната година, но ја нагласувам разликата во смисла на голем процент на први јавувања и први хоспитализации. Најчесто станува збор за сензитивни структури, лица кои на некои други животно стресни настани најверојатно би развиле некои психички симптоми, а поради специфичната структура на личноста и недоволно развиените адаптивни механизми и толеранција на стрес“.

Маркетинг

Според неа помош бараат луѓе од најразлична страросна структура. Досега најмладата личност имала 16, а најстарата 92 години.

Маркетинг

„Најчесто станува збор за лица кои ви претходно биле психијатриски лекувани и на кои има била неопходна корекција на фармакотерапијата која веќе ја земале. Исто така, претходните неколку недели постои тренд на зголемување на бројот на повици на СОС линијата – се јавуваат луѓе кои се во домашна изолација зошто се позитивни на ковид-19. Тие најчесто се жалат на страв, неизвесност, чувство на вина, пад на расположението, лошо спијат и се плашат од лош исход. Во овие ситуации тераписки дејствуваме во смисла на поддршка, давање на корисни информации како и советување за хигиенско – диететскиот режим и неопходната измена на дотогашната животна рутина, вели д-р Ивана.

Таа нагласува дека некои од луѓето кои откако се излекувале од ковид-19 биле упатени на лекување во Клиниката за психијатрија.

ФОТО: euroimmunblog.com

– Тоа се главно луѓе кои во лекувањето од ковид имале флуктуација на клиничката слика, долг тек на болеста, а со самото тоа и неизвесен исход поврзан со нивната сложена семејна улога (родители, самохрани родители, лица кои се грижат за немоќно лице), со страв од загуба (им се разболувале и нивните најблиски), егзистенцијален страв, страв дека нема да добијат адекватна лекарска помош… Тие најчесто се појавуваат во почетниот или во целосно развиениот депресивен синдром кој барал и фармаколошко лекување, вели д-р Ивана Сташевиќ Карличиќ.

Таа објаснува како луѓето кои биле болни од ковид-19 да се изборат со стравот и чувството на вознемиреност во текот на овие тешки времиња.

ФОТО: msn.com

-Со основна грижа за себе, со избалансирана и здрава исхрана, доволно сон во текот на ноќта, ситни задоволства кои секој може да си ги дозволи, се прво скалило и основа на менталното здравје. Важно е да се фокусираме на сега и овде, да процениме на кои работи моментално во овој момент можеме да влијаеме за да го повратиме чувството на контрола, да бидеме свесни кои ни се моментално најсилните животни потпори. Непријатните чувства како тага, страв, напнатост или лутење на треба да се занемаруваат , потиснуваат или од нив да се бега со засилено конзумирање тутун, алкохол, дроги и лекови “на своја рака“, децидна е д-р Ивана Сташевиќ Карличиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button