Короната е фатална повеќе кај мажите отколку кај жените: Одговорот е во Т-клетките кои го уништуваат ковидот
Научниците од универзитетот Јејл во САД дојдоа до револуционерно откритие, дека клучот е во имунитетот односно Т-клетките кои посилниот пол го бранат од ковид-19 се послаби отколку кај припадниците на женскиот пол.
Коронавирус повеќе уbива мажи отколку жени, зошто машкиот имунолошки систем има понизок одговор на Т-клетките, кои ги уништуваат клетките заразени од вирусот, е револуционерно откритие на научниците од универзитетот Јејл, објавено минатата недела во списанието Нејчр.
Механизам на зараза
Имено, некои видови на Т-клетки можат да ги уништат клетките заразени од коронавирусот, додека другите видови помагаат да се произведат антитела кои спречуваат вирусот да ги инфицира клетките. Научниците известија дека мажите имаат понизок одговор на Т-клетки отколку жените, што е поврзано со идното влошување на болеста. Сепак, студијата е спроведена на релативно мал примерок за научниот свет, само 17 мажи и 22 жени, кои се примени во болница откако се позитивно тестирани на коронавирус.
Сабра Клајн, професорка по микробиологија и имунологија на универзитетот Џонс Хопкинс, вели дека новата студија покажала дека машкиот имунолошки систем реагира на коронавирус различно од женскиот.
– Мислам дека оваа студија дава возбудливи траги во имунолошките реакции, кои се разликуваат меѓу мажите и жените кои се заразени од вирусот САРС-КоВ-2, но не ни говори за механизмот поради кој мажите двојно почесто уmираат од вирусот. |Жените со коронавирус имале повисок одговор на Т-клетките во споредба со мажите. Кај мажите можеби ќе треба да се засили реакцијата на Т-клетките, можеби со вакција, за да го спречиме влошувањетона болеста. Од друга страна, кај жените можеби ќе мора да„заматиме“ одреди реакции на цитокини, односно да се спречи цитокинска бура, која може да настане со пресилен одговор на Т-клетките во текот на инфекцијата, за да го спречиме влошувањетона болеста, рече д-р Клајн за американските медиуми.
Клајн сепак предупредувадека постојат и други биолошки разлики меѓу половите, какогенетика или половите хормони естроген и тестостерон, кој овде не се мерени, а тие исто така можат да влијаат на тоа како болеста напредува кај мажите и кај жените.
Што се Т-клетки?
Т-клетки се вид на одбранбени клетки чија основна задача е да ги пронајдат и убијат инвазивните патогени или инфицирани клетки.
Тоа го прават служејќи се со протеини на својата површина, кои се во состојба да се поврзат со протеините на површината на „натрапникот“.
T-клетките можат да се задржат во крвта со години после инфекцијата и придонесуваат за „долготрајна меморија“ на имунолошкиот систем.