Во Грција денеска се потврдени 354 нови случаи на коронавирус, а од последиците на болеста nочинаа три лица.
Од новозаразените, 56 се веќе од утврдената група заболени, а 23 се откриени на влез во Грција.
Досега се регистирани вкупно 18.475 заразени, а 391 пациент nочина.
Ситуацијата со пандемијата е особено алармантна во Атина каде што секојдневно се регистрираат голем број позитивни случаи.
Заменик-портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека иако во последните седмици има зголемен број нови случаи, особено во областа Атика, поширокиот регион на Атина, сепак постои тренд на стабилизирање на случаите.
Во август имаше раширеност на коронавирусот во домови за стари лица во Солун, а само од еден дом починаа најмалку 20 лица.