Реклама
Вирално

Короната го слабее и здравото срце­: Кардиолог ги предупредува сите оние кои ја прележале задолжително да го направат ова

Реклама

Болеста ковид-19 за која на почетокот од епидемијата се мислеше дека е респираторна, а се утврди дека всушност е системска болест која напаѓа многу органи кога успешно се лекува, дефинитивно остава последици.

Уште од 11 март, кога СЗО прогласи пандемија, сите научни студии сугерираат дека оваа заразна болест би можела да „регрутира“ потполно нова група на по- ковид – пациенти, а сега за тоа постојат докази и во пракса.

Маркетинг

Ако оштетувањето на белите дробови поради самата природа на болеста, можеби и можеше да се очекува, голем број од излечените од ковид имаат сериозни последици врз срцето и тоа ги изненадува лекарите.

Маркетинг

Според најновите студии направени во Германија, кај повеќе од три четвртини од пациентите кои неодамна се опоравиле од корона развиле трајни срцеви проблеми. Во кој процент таквите оштетувања се присутни, говорат и некои од кардиолозите.

srce

– Имаме повремено пациенти кои боледувале од ковид во март или април, па се опоравиле, а сега доаѓаат кај нас во Клиниката поради проблеми со срцето и знаците на почетна срцева слабост – вели професор д-р Драган Симиќ кој додава дека тие луѓе и натаму се следат, а времето ќе покаже дали промените кои настануваат поради коронавирусот се привремени или трајни.

Кога станува збор за последиците од инфекцијата со коронавирусот врз срцето, засега се знае дека тие се најголеми врз срцевиот мускул.

– Многу истражувања се во тек, а досега е познато дека три четврти од излекуваните лица имаат одредени промени на срцевниот мускул – вели професорот Симиќ и додава дека германската студија покажала дека просечната старост на тие луѓе, кои ги следеле два месеци, е 49 години. – Тоа се загрижувачки наоди, заклучува тој.

Сите промени во организимот кои се случуваат во текот на оваа болест, од зголемена температура, дехидратација, до пад на крвниот притисок, всушност се голем напад врз срцето.

– Околу три до четири отсто од тие лица добиваат перикардитис, воспаление на срцевата кеса, а одреден број добиваат миоперикардитис (воспаление на срцевата кеса и срцевиот мускул), а кај 22 отсто се забележува состојба која личи на коксаки миокардитис, наведува професорот Симиќ.

Срцето трајно може да го оштети и непрележана силна настинка, а коксаки миокардитисот, предизвикува фиброзни промени.

– Срцето со тек на време почнува да се шири, силата на мускулот опаѓа, пациентот почнува да се заморува, повремено кашла, малаксан е, наведув тој. – Како и во случајот со коксаки миокардитис, и на пациентите со прележан ковид им советуваме да внимаваат. Препорака е да се избегнува поголем физички напор, дури и оние пациенти кои после ковид убаво се чувствуваат. Сите кои ја прележале инфекцијата со коронавирус би требало во најмала рака да направат ЕКГ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button