Реклама
Вирално

Коронавирусот ќе исчезне сам од себе пред ваkцината? Некогашниот главен онколог на СЗО го крена светот на нозе

Реклама

Коронавирусот би можел сама по себе да исчезне пред научната јавност да пронајде вакцина против смртносната болест ковид-19, вели некогашниот главен онколог при Светската здравствена организација.

-Постои вистинска шанса коронавирусот сам да „изгори“ по природен пат пред да развиеме ваkцина – напиша Сикоро на Твитер, кој сега е декан на Медицинскиот факултет при Универзитетот Бакингем.

– Гледаме прилично сличен образец секаде и мислам дека ќе имаме поголем имунитет на коронавирус отколку што е проценето. Мораме да продолжиме да го успоруваме вирусот, но би можел да исчезне сам од себе, додаде тој.

Маркетинг

Објавата на Сикоро предизвика силни реакции во јавноста , па повеќе луѓе побараа од овој експерт да објасни како тоа би можело да се случи. Тој потоа истакна дека тоа е само негово мислење и дека објавил на социјалните мрежи дамо „сценарио кое е можно во моменталната ситуација“.

Експертот истакна дека никој не може со сигурноста да каже што ќе се случи и апелираше до граѓаните да се држат до правилата за социјално дистанцирање.

Маркетинг

Развој на ваkцина

Компаниите и државите ширум светот забрзано се обидуваат да развијат вакцина против коронавирусот кој однесе над 313.000 животи до сега. Претходно оваа недела, СЗО објави дека осум „кандидати“ спроведуваат клинички испитувања, додека други 110 се во фаза на претклиничко истражување.

Меѓутоа, и натаму не е познато кога ќе биде подготвен лекот против коронавирусот, бидејќи неговиот развој, според зборивите на експертите ќе трае со месеци, а во некои случаи и со години.

И покрај годините истражување и тестирање, медицинските експерти се уште не развиле ваkцина против САРС, кој првпат се појави во 2002 година, како ни за МЕРС, чија епидемија е забележана во 2012 година.

Русите кон крајот на летото ќе регистрираат ваkцина против коронавирус?

Ваkцината за коронавирус би можела во август да биде регистрирана во Русија, најави вчера директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Александер Гунцберг.

– Верувам дека до крајот на летото ќе ја регистрираме ваkцината. Тоа би можело да биде во август ако се тече според планот и ако нема никакви изненадувања, рече Гунцбер во интервју за руските медиуми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button