Реклама
Вирално

Коронавирусот се пренесува АЕРОГЕНО, откритие кое СЗО го потцени, наместо да понуди препораки за заштита на луѓето

Реклама

СЗО призна дека постојат нови докази дека коронавирусот може да се шири и преку воздух.

Пренесувањето преку воздух не може да се исклучи во тесни, затворени и слабо проветрени простории, велат експертите.

Маркетинг

Ако се потврди ова, може да влијае на насоките за затворен простор.

Преку отворено писмо повеќе од 200 научници ја обвинија СЗО дека ја потцени можноста за пренесување на вирусот во воздухот.

Маркетинг

СЗО до сега тврдеше дека вирусот се пренесува преку капки кога луѓето кашлаат или киваат.

„Сакавме да ги признаат доказите“, рече Хосе Хименез хемичар од Универзитетот во Колорадо, кој го потпиша писмото.

„Ова дефинитивно не е напад врз СЗО. Ова е научна расправа, но сметаме дека мора за излеземе во јавност зошто тие одбиваа да ги слушаат доказите при многуте разговори со нив“, рече тој.

Фото: EPA / Martial Trezzini

Друг потписник, професорот Бенџамин Каулинг од хонгконшкиот универзитет, рече дека наодот има важни последици.

„Ако посто опасност од пренос преку аеросоли, разбирливо е дека здравствените работници би требало да носат најдобра можна превентивна опрема… а всушност СЗО рече дека една од причините што не сакале да зборуваат за пренесувањето на ковид-19 преку аеросоли, зошто не постои доволен број специјализирани маски за многу делови од светот“, реча Каулинг.

„Ако размислиме за тоа дека пренесувањето преку воздух претставува посебен ризик, тогаш мора да размислиме за тоа како да спречиме поголемо ширење, поголемо избивање на заразата во затворен простор со лоша вентилација, гужви и долготрајни блиски контакти“, додаде тој.

Официјални лица од СЗО предупредија дека доказите се прелиминарни и бараат натамошна проценка.

Бендета Алегранци, технички директор во СЗО за превенција и контрола на инфекциите, рече дека не можат да се исклучат доказите кои се јавуваат во пренесувањето на коронавирусот во „пренатрупани, затворени и слабо проветрени места“.

Со месеци СЗО инстистира дека ковид-19 се пренесува преку капки кога луѓето кашлаат или киваат. Капките не се задржуваат во восдухот, туку паѓаат на површините и затоа миењето раце е наведено како клучна мерка за превенција.

Но 239 научници од 32 земји велат дека постојат силни докази кои укажуваат на тоа дека вирусот може да се шири и преку воздух, низ многу ситни честички кои лебдат наоколу со часови откако луѓето ќе разговараат и преку капки ќе го изфрлат вирусот.

СЗО призна дека постојат докази кои укажуваат дека тоа е можно во одредени средини, како што се затворени и преполни простори.

Тие докази ќе мора темелно да се проценат, но ако се потврдат тогаш мерките за спречување на ширењето на вирусот ќе мора да се менуваат. Тоа би значело поширока упореба на маски и поригорозно физичко дистанцирање, посебно во баровите, рестораните и во јавниот превоз, заклучува Би Би Си.

Поврзано

Back to top button