Копија на ТАТО: Ова е ќерката на Горан и Адријана Алачки – музичарот гордо се пофали со наследничката
Популарниот хармоникаш објави досега невидена фотографија од него и неговата наследничка.
Горан гордо ја покажа својата Грациела, која мора да се признае дека е негова копија.
Хармоникашот Горан Алачки долги години беше во брак со пејачката и водителка Адријана Алачки. Пло на нивната љубов се ќерката Грациела и синот Благоја.
Горан, Адријана и популарната фолк-пејачка Ирена Спасовска имаа своја група и во својата младост жареа и палеа на сцена.
Но, бендот се распадна и секој од нив продолжи по својот пат.
Горан и Адријана се разведоа по 25 години брак, а веќе секој од нив има свој живот и кариера, но со заеднички сили и понатаму се трудат да бидат голема поддршка на своите деца.
Горан сега е во долгогодишна љубовна врска со Марина Дојчиновска, позната како водителка на ТВ Сонце, претпиемачка, фокусирана на здравиот живот и исхрана.
Тие двајца не ја кријат својата љубов и често на социјалните мрежи споделуваат заеднички фотографии, на кои може да се види дека еден со друг си се поддршка во се, а истовремено уживаат на разни патувања.
Горан на својот Фејсбук профил сподели фотографии од него и неговите деца.
Големо внимание привлече фотографијата со неговата Грациела, која мора да се признае ека е негова копија.
„Ова е мојата Грациела“, напиша тој во описот.
ФОТО: Фејсбук / Грациела Димовска
ФОТО: Фејсбук / Грациела Димовска
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки
ФОТО: Фејсбук / Горан Алачки