Копија на мама – порасна наследничката на Лејла Рамковска
Порасна и внуката на Велија Рамковски.
Лејла сподели фотографии со својата наследнчка и јавно ѝ го честиташе роденденот.
Инструкторката по јога, Лејла Рамковска е една од ќерките на бизнисменот Велија Рамковски.
ФОТО: Инстаграм / Лејла Рамковска
Иако долги години беше дел од бизнис светот и му беше од голема помош на својот татко, Лејла се одлучи за огромна промена во животот и професијата.
Таа денес е инструкторка по јога и многупати за медиумите има изјавено дека тоа е најдобрата одлука која ја донела.
ФОТО: Инстаграм / Лејла Рамковска
Според објавите на нејзините социјални мрежи може да се забележи дека Лејла буквално блеска.
Од бракот со бизнисменот Сефер Цаноски, Лејла има две деца, синот Кан и ќерката Каја.
ФОТО: Инстаграм / Лејла Рамковска
По разводот со Сефер долги години својот приватен живот го криеше од очите на јавноста.
Љубовта е нејзин двигател и не може да се сокрие.
ФОТО: Инстаграм / Лејла Рамковска
Од неодамна таа и композиторот Роберт Билбилов потврдија дека се во љубовна врска.
Постојано споделуваат заеднички фотографии на кои се гледа дека љубовта им цвета, а Лејла е посреќна од било кога.
ФОТО: Инстаграм / Лејла Рамковска
Максимално е посветена на своите деца и секој слободен момент се труди да го помине со нив.
Нејзината наследничка наполни 11 години, па Лејла одлучи јавно да ѝ го честита роденденот објавувајќи нивни заеднички фотографии.
„Ми порасна девојчето“, напиша таа во опис.