Контроверзниот Сергеј Варошлија го промени имиџот – пријателот на Боки 13 се пофали со новата фризура и ги шокираше сите
Изгледа како да му падната канта со боја на главата …
Кога ќе го погледнете на прв поглед ќе ви заличи како да се прошетал под скеле каде работниците бојадисувале некоја градинка, па канта полна со боја му паднала врз главата. Шегата на страна, Сергеј објави фотографија на која неговата руса коса е бојадисана во виолетова нијанса, а како изгледа со промената погледнете во продолжение.
Поранешниот фризер и водител е мошне активен на социјалните мрежи каде редовно објавува свои фотографии.
Тој негува ексцентричен имиџ, сличен на неговиот пријател и поранешен газда Боки Јовановски попознат како Боки 13.
Инаку, Варошлија до неодамна беше во центарот на вниманието со неговата емисија во која ги критикуваше девојките за нивниот изглед, но откако неговиот пријател се најде зад решетки тој остана без своето шоу.
Погледнете уште неколку негови фотографии и во коментарите кажете ни што мислите за неговиот стил..