Реклама
Вирално

Конечно убави вести – поголем дел од заболените од вториот бран на коронавирусот веќе се со негативни тестови (фото)

Реклама

Владимир Милошев, државниот секретар во Министерството за здравство, ја информираше МИА дека Комисијата за заразни болести утрово не даде препорака за воведување карантин или полициски час.

Тој рече дека на Комисијата за заразни болести е утврдено дека за Штип бројките се помали од вчера и поради тоа не е донесена одлука за препорака за карантин или воведување полициски час.

Маркетинг

Побара од работниците кои се опфатени со тестирањето да не шетаат низ градот, туку да седат дома се додека не ги добијат резултатите, за на тој начин да се спречи ширењето на коронавирусот. Смета дека со затварањето на петте конфекции од денеска состојбата во Штип ќе се нормализира.

Милошев рече дека епидемиолозите од Центарот за јавно здравје од утрото се на терен и веќе ги земаат брисевите.

Маркетинг

Инаку, низ градот Штип можат да се слушнат чаршиски муабети дека бројот на новозаразени достигнал над 60.

Но според наши извори во штипската болница во моментот има околу 12 пациенти, од кои сите се со полесна клиничка слика. Исто така и порталот Фактор објави дека бројот е многу помал од вчерашниот кој изнесуваше 27, а дел од првите заболени од овој втор бран што го погоди Штип се веќе со негативни тестови, вели градоначалникот на Штип.

Имено, градоначалникот Благој Бочварски за Фактор потврди дека од денеска почнува и масовниот скрининг во Штип, за што градот доби и дополнителна кадровска помош, односно зголемен е бројот на техничарите од другите Центри за јавно здравје, не само од штипскиот.

Се тестираат вработените во конфекциите, за денеска се планирани дури 200 тестови, а најдоцна до сабота тестирањата треба да завршат.

„Денеска имаме и добри вести. Дел од првите заболени од овој втор бран што го погоди Штип се веќе со негативни тестови. Тие треба да направат уште еден тест по неколку дена и доколку и тие резултати бидат негативни, ќе бидат регистрирани како излакувани, вели градоначалникот Бочварски, за порталот Фактор.

Од друга страна пак, според неофицијални информации на Сител денес има околу 50 нови случаи на корона вирус во земјава од кои 30 се во главниот град. Според информациите што сител ги доби од Центарот за јавно здравје и понатаму жариште во Скопје е општината Чаир каде што се и денешните нови дијагностицирани случаи.

Речиси во секоја скопска општина има по еден до двајца новозаразени но и на активни случаи од корона вирусот.

Инаку, министерот за здравство Венко Филипче, вчера изјави дека се уште не треба да се избрзува со донесување на одлука. Тој изјави дека е убеден дека соседите ја следат ситуацијата кај нас и ги гледаат бројките, така што во следните неколку денови ќе разговараат за тоа кога во Македонија ќе можат да се отворат границите.

Според неофицијални извори, предложено е отварање на границите на 15 јуни, но се уште се чека на официјалната потврда од Владата и Комисијата за заразни болести.

„Сметам дека сега е се уште рано да ги отвориме границите заради тоа што тоа е дополнителен ризик и кон околните земји, ако патуваат луѓе од региони во кои има повеќе пациенти кај нас, а и при враќањето секако. Патувајќи се зголемува ризикот од појава на случаи кои, на некој начин, би го донеле вирусот од некој од соседните земји. Во таа смисла ќе ги правиме проверките на податоците, ќе ги анализираме бројките па ќе носиме одлука за границите. Утрово утврдивме дека денеска е рано да се дискутира за тоа, но ја имаме цела недела пред нас“, истакна министерот, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се отворат границите во земјава.

Што се однесува за празникот Духовден или Задушница, кој е следниот викенд, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна, се уште не се знае дали ќе има поригорозни мерки. Во врска со празникот Министерот за здравство вели дека ја имаат во предвид ситуацијата и одлука за тоа дали ќе се воведат поригорозни мерки ќе донесат во следните неколку дена во зависност од тоа како луѓето ќе се однесуваат.

Сите опции се во игра – рече Филипче за Задушница.

Тој исто така преку својот Фејсбук профил најави дека од денеска се укинува и бесплатниот автобуски превоз за пензионерите. Превозниците треба да водат сметка за бројот на патници што ќе се превезуваат – максималната искористеност треба да биде до 50 отсто од капацитетот на возилата, напиша министерот на фејсбук.

Автобусите на ЈСП „Скопје“ сообраќаат во текот на целиот ден без временско органичување, по саботен возен ред..

Поврзано

Back to top button