КОНЕЧНО УБАВИ ВЕСТИ – Овие граѓани на своите сметки ќе добијат 15.000 денари финансиска помош од Владата

На денешната седница, Владата донесе одлука со која во следните шест месеци 1.200 денари да добиваат сите ученици во основно училиште, а 1.800 денари сите ученици во средно училиште.
Премиерот Димитар Ковачевски како прва мерка од деветиот антикризен пакет најави пари за секој ученик и ваучер за превоз за секој студент што живее надвор од местото на студирање.

Над 105.000 основци и средношколци во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200, односно 1.800 денари секој месец, за што ќе се одвојат 14,3 милиони евра
Околу 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање ќе добијат ваучер за превоз. Во наредните седум месеци ќе добиваат ваучери во вредност од 600 до 1.200 денари за што се предвидени 2 милиони евра

Станува збор за ученици и студенти кои доаѓаат од семејства со помал вкупен приход од 50.000 денари.
Севкупниот пакет со 26 мерки треба да вреди 662 милиони евра, најави Ковачевски.
Основците од семејства со примања под 50.000 денари, ќе добиваат по 1200 денари месечно следните шест месеци. Средношколците ќе добиваат по 1800 денари / месечно.
15 илјади студенти ќе добијат ваучер за превоз во вредност од 600 до 1200 денари.

По илјада денари ќе добиваат самохраните родители, родители на деца со попреченост.
Пензионерите во наредните пет месеци ќе добиваат по 3000 денари до 14.000 денари , 2000 денари за оние од 14.000 до 16.000 денари и по 1500 денари дополнителни средства за пензионерите кои земаат пензија од 16 до 19.000 денари.
Мерките ќе важат од декември 2023.




