Реклама
Вирално

Конечно убави вести – наскоро ќе бидат укинат речиси сите мерки и во оваа европска земја, петти март прогласен за „Ден на слободата“!

Реклама

Австрискиот канцелар Карл Нехамер најави дека на 5-ти март ќе бидат укинати епидемиолошките мерки во неговата земја.

Владата заедно со гувернерите на покраините донесе одлука за понатамошно попуштање на мерките.

Маркетинг

Владата реши да го направи овој чекор бидејќи ситуацијата во болниците и покрај големиот број на новозаразени е стабилна, па учесниците на состанокот сакаа да го прогласат 5-ти март за ден на слободата, по примерот на Велика Британија.

Инаку, според поранешна одлука на владата, од 19 февруари следува понатамошно попуштање на мерките.

Маркетинг

Од овој датум во угостителството, хотелиерството и манифестациите ќе важи 3 Г наместо 2 Г правилото, со што невaкцинираните лица, со приложен негативен тест, повторно добиваат пристап до кафулињата, рестораните, хотелите, концертите и натпреварите.

Исто така од 5 марти ќе бидат овозможени приватни и јавни прослави, концерти, саеми и други собири без ограничување на бројот на присутните.

Се укинува и карантинот за инфицираните без симптоми, а единствено што ќе остане е задолжително носење маски на одредени места, како што се јавниот превоз и супермаркетите.

Истовремено се размислува и за привремено стопирање на задолжителната вакцинација, која е воведена пред десетина дена.

Пандемијата не е совладана

Нехамер на конференцијата за новинари, одржана по седницата на владата со гувернерите на покраините и експертите, изјави дека корона вирусот е мошне флексибилен, и дека постојано се менува, па затоа е важно и да се менуваат мерките и брзо да се реагира.

Тој наведе дека пред осум и пол недели дојде до промени кога се појави омикрон сојот, дека на науката и било потребно време за да ја процени новата ситуација, пред сé како ќе се одрази на граѓаните и здравствениот систем.

Нехамет исто така предупредува дека пандемијата не е совладана, дека короната останува дел од нашите животи и дека затоа е одлучено да остане обврската за носење маски во супермаркети, аптеки, банки и во јавниот превоз.

Министерот за здравство Волфганг Мускестајн изјави дека досега се вaкциниpaни 73 проценти од граѓаните со две дози, што значи дека мерките можат да се префрлат на стенд-бај, но нагласи дека пандемијата се уште не е помината.

„Не можам да ветам дека нема да бидат потребни нови мерки во иднина. Но нема да ги оставиме мерките што не се потребни“, изјави тој.

Најавена е и промена на режимот за влез во земјата, па во Австрија ќе можат да влезат сите што се вaкциниpaни, прележале КОВИД-19 или имаат негативен тест не постар од 72 часови.

Тој исто така додаде дека од 5 март во Австрија повеќе нема да биде потребен „зелениот пасош“.

Бонус галерија

Фото: К Во, БоредПанда

Живот на село во Австрија

Како дете, Хајди и беше една од омилените книги на оваа фотографка, па замислите го нејзиното изненадување кога прв пат во животот ќе се најде во Австрија.

Фото: К Во, БоредПанда

Таа ќе се вљуби во оваа земја, а како сега изгледа нејзиниот живот, погледнете во продолжение.

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Фото: К Во, БоредПанда

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button