Реклама
Новости

Конечно убави вести за Македонците што ќе сакаат да патуваат во ГЕРМАНИЈА – истите услови важат и за влез во Грција!

Реклама

Од 25 јуни оние кои се вакцинирани без никаков проблем ќе може да патуваат во Германија, а влезот ќе биде дозволен 14 дена по приемот на втората доза на вакцината против коронавирусот.

Ако планиравте да патувате во Грција или Германија условите  се олеснети.

Маркетинг

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете дози на вакцина против ковид-19 да влезат во државата, објави „Ројтерс“, сепак нема да важи за државите кои се на „црвената листа“.

Имајќи предвид дека ЕУ ја стави Македонија на списокот на безбедни земји, Македонците ќе може да ја искористат оваа можност.

– Со оглед на опаѓањето на бројот на инфекции во повеќе трети држави (држави кои не се членки на ЕУ, н.з.), Сојузната влада овозможува влез во иднина за каква било цел на престој, вклучително и туризам од САД, Тајван, Хонгконг, Макао, Албанија, Србија, Северна Македонија и Либан. Новото правило стапува на сила во недела, 20 јуни, во 00:00 часот. Со тоа Сојузната влада ја следи препораката на Министерскиот совет на ЕУ од денеска, велат за „Дојче Веле“ од Министерството за внатрешни работи во Берлин.

Дополнителен услов за влез сепак е патниците да се вакцинирани со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот „Пол Ерлих“ каде во моментов, признаени се само оние вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). За сега тоа се вакцините на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „Астра Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

Од утре пак нови правила и за влез во Грција.

Можноста за влез во Грција и со негативен антигенски рапид (брз) тест и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, се двете промени на правилата за влез во Грција, кои од утре, во 6 часот наутро стапуваат во сила, а меѓу другото важат и за државјаните на Македонија.

За патување кај јужниот сосед задолжителен е документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или негативен резултат од рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формуларот.

Овие обврски важат за лица со наполнети 12 години.

berlin de

Носителот на сертификатот за вaкцинациja мора да ги примил сите препорачани дози на вaкц-инaта најмалку 14 дена пред патувањето.

Од друга страна, Велика Британија најави дека ќе се откаже од сертификатот поради бројни проблеми. Плановите за кoвид-пасошите да станат законски услов за големи настани пропаѓаат, пишува британски „Телеграф“.

Официјални лица кои работат на преглед на сертификатите сметаат дека нема шанси законот да се смени со цел да се нареди нивната употреба во Велика Британија.

Доказите дека некое лице е вaкц-инирано стана широко прифатено во меѓународните патувања.

Бидејќи некои земји веќе го бараат тоа, британските патници можат да го добијат тој доказ за вaкц-инација преку примена на Националниот здравствен систем (NHS).

Како и да е, употребата на кoвид пасоши е многу поконтроверзна кога станува збор за патување во Велика Британија, па многу критичари истакнуваат дека барањето доказ за здравствената состојба / статусот на индивидуа започнува сериозни етички прашања.

Во Израел пасошите ја завршија својата работа и повеќе нема потреба за нив

Во меѓувреме, Израел се откажа и од употреба на кoвид пасоши, бидејќи, како што веруваат, потребата за нив исчезна.

Помалку од три месеци откако стапи на сила, шемата за сертификација на вакц-инирани, беше укината на 1 јуни, заедно со скоро сите преостанати ограничувања против кoвид 19 на јавни места.

Иако беше меѓу првите земји кои го воведоа тие велат дека во реалноста овој пасош е непотребен.

„Во последните три месеци, само двапати ме замолија да ја покажам мојата пропусница. Неколку пати ме прашаа дали ја имам, но ми веруваа без да им ја покажам дека ја имам. Спроведувањето на правилата за ‘зелени пропусници’ беше никакво, изјави за Спекатор Арие Коулер, политички аналитичар од Израел.

Поврзано

Back to top button