Конечно стигна одговорот дали вирусот потекнува од лабораторијата од Вухан – еве што вели науката за тоа
Шефот на институтот за вирологија од Вухан ја разоткри американската теорија за потеклото на вирусот, велејќи дека ковид-19 не можел да „протече“ зошто нејзината лабораторија ги немала првите примероци од вирусот кој крајот на 2019 година.
Директорката на Вухан Институтот за вирологија Ванг Jањи ја опиша теоријата – дека ковид-19 е создаден во нејзината лабораторија – како „чиста измислица“. Објасни дека Институтот е фатен неподготвен кога се дознало за новооткриената зараза.
„Нашиот институт првпат прими клинички премерок од непознато воспаление на белите дробови на 30. декември минатата година“, се потсети таа.
Набрзо после тоа, Пекинг ја предупреди СЗО за вирусот, токму кога почнаа да кружат вестите во медиумите дека први жители од Вухан се хоспитализирани со проблеми со белите дробови.
Пред тоа, инсистира Ванг, институтот немаше сознанија за ковид-19, ниту се сретнал со него, го истражувал или чувал.
„Всушност, како и сите други, не ни знаевме дека вирусот постои“, изјави таа.
„Како можел да протече од нашата лабораторија кога никогаш не сме го имале?“.
Нејзините коментари очигледно се насочени на теоријата „протече од лабораторијата Вухан“ која адиминистрацијата на Трамп агресивно ја наметне. Некои од нејзините гленови, како државниот секретар Мајк Помпео, не се двоумеа да наведат „огромни докази“, кои укажувале наводно дека вирусот е создаден од човек и веројатно поттикнува од кинеска лабораторија.
Ванг потврди дека институтот работел на три живи видови на коронавирус кај лилјаци, но нивниот геном бил различен од генот на ковид-19 или САРС-КоВ-2, како што ѝ е познато на научната заедница. Еден таков вид има 96-процентна сличност со обичниот САРС вирус, додека „нивната најголема сличност со САРС-КоВ-2 достигнува само 79,8 отсто“.
Но според стандардите на студијата од вирологија, дури и најмалиот јаз во процентите, прави голема разлика, објасни Ванг.
„Во природниот свет, потребно е долго време повторно да се развие вирусот и да мутира за да стане САРС-КоВ-2“, откри Ванг. Таа се повика на „моменталниот консензус на меѓународната академска заеднициа“ дека Ковид-19 потекнува од дивите животни.
Сега останува на истражувачите подлабоко да влезат во неговото потекло „врз основа на научни податоци и факти“.
Кина сама доследно ја отфрли американската теорија како “невтемелени обвинувања“, додека СЗО заклучи дека сите достапни докази укажуваат дека не потекнува од лабораторија. Таа оценка се поклопува со гледање на најблиските сојузници на Вашингтон – освен со разузнавачката заедница на САД- кои веќе ја исклучија можноста дека ковид-19 е создаден од страна на човек.
Пекинг од своја страна изрази подготвеност да соработува во утврдување на потеклото на ковид-19, под услов дека таквата меѓународна истрага да биде „професионална“ и без политички игри на наметнување на вина, изјави во неделата државниот кинески министер за надворешни работи Ванг Ји.