Реклама
Кафе муабет

Конечно среќни вести за мајката на која мажот и ги пресече рацете – неверојатни фотографии што ќе ви ги насолзат очите

Реклама

Пред шест години целиот свет беше во шок кога еден маж од Русија и ги отсече рацете на својата девојка заради љубомора.

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Ова невидено злосторство се случи така што Димитри тогаш и понудил на својата сопруга Маргарита Грачева да ја однесе до нејзиното работно место.

Но кога тргнале со неговиот автомобил, наместо на работа, тој свртел кон една шума, каде што ја паркирал колата, ја извлекол од седиштето, ја земал секирата што ја носел во багажникот и и’ ги пресекол и двете дланки.

Маркетинг

Тој потоа ја оставил во Брзата помош во локалната болница во Серпуков, во јужна Москва, па отишол во полиција и сам се пријавил.

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Тие се запознале уште за време на школските денови, а почнале да излегуваат откако завршиле факултет.

Најпрво биле среќни во нивниот брак, се додека Димитри не почнал да избувнува и заради најобични работи што им се случувале, а со тек на време почнал и да и се заканува дека ќе ја убие ако некогаш реши да го изневери со друг.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Проблемите во нивната врска ќе станат посебно неподносливи откако Маргарита ќе започне да работи во маркетинг одделението на еден дневен весник во Серпуков. И покрај тоа што имал факултетска диплома, Димитри можел да се вработи само како виљушкар, па набргу почнал да завидува на нејзината кариера и да станува љубоморен на нејзините машки колеги. Кога Маргарита му кажала дека треба да се разделат, тој ја игнорирал, но кога му ги донела документите за развод збеснал.

Една ноќ ја нападнал во нивниот стан, а децата кога се разбудиле ја виделе својата мајка со модрици по целото тело.

Следниот пат кога и се приближил со нож, го пријавила во полиција. Но и покрај тоа што го пријавила во полиција, тие и кажале дека ќе и се јават за дваесетина дена, вели Маргарита во едно интервју.

Таа тогаш истакнала дека дотогаш ќе може 20 пати да биде убиена, но полицијата не преземала никакви мерки.

Потоа пет дена откако нејзината пријава била отфрлена заради недостаток на докази, Димитри и ги исекол дланките.

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Нејзината осакатена лева рака беше пронајдена во шумата и и’ беше сошиена на операцијата што траеше девет часови, а со донации Маргарита собра пари за биомеханичка десна рака која и беше наместена во Германија.

По сето она што и се случи со поранешниот сопруг, таа мислеше дека повеќе никогаш нема да верува во љубовта.

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Но по некое време дозна дека судбината сепак има поинакви планови за неа.

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Таа го запозна Максим со кого долго време се дружела пред да започнат врска и да стекне доверба во него. Денес нејзините синови одлично се согласуваат со него, и како што вели, тие не знаат ништо за тоа како ги изгубила рацете. Знаат само дека нивниот татко е в затвор и не го сметаат за родител.

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Маргарита и Максим се венчаа во 2020 година, а веќе следната година ќе добијат и принова – ќерката Јаролава.

Неодамна таа доби добри вести и од страна на Европскиот суд за човекови права кој и наложи на Русија да исплати оштета за четири жртви на насилство во семејството, меѓу кои е и Маргарита Грачева.

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Нејзиниот поранешен сопруг Димитри доби затвopска казна од 14 години. По страшната тpaгедија што ја преживеа поднесе барање за развод и ја напиша книгата „Среќна без раце“ во која им се обрати на сите жени кои минуваат низ семејно нacилcтво и ги поттикна не само да ги избегнуваат, туку и да избегаат од таквите нездрави љубовни односи.

„Кога луѓето ќе ја видат мојата протеза ме гледаат како суперхерој, а кога ќе ме видат без дланка, ме сожалуваат. Мислам дека претеруваат и во едниот и во другиот случај, а со овие слики само сакав да покажам дека нема никакви разлики кај мене со раце или без раце“, изјави таа тогаш.

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

„Жените често ме прашуваат како да се заштитат од нacилен партнер и како да бидат сигурни дали партнерот е нacилен. Немам одговор на тоа прашање. Личноста може да се промени во секунда. Мене моето искуство не ме наведе на тоа да дигнам раце од љубовта. Морате да верувате во добрите работи“, вели Маргарита која вели дека вториот сопруг внимателно го избрала.

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева
Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

„Беше трпелив, ме чекаше, не ме притискаше и не бараше да ја дефинираме нашата врска. Верувам дека затоа и успеавме. Моите два сина одлично се снаоѓаат со него“, вели таа додавајќи дека нејзините синови се уште не знаат ништо за тоа дека нивниот татко и ги отсекол рацете.

„Тие знаат само дека е во затвop и толку. Не го сметаат за татко“, изјави Маргарита во едно интервју за медиумите.

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Фото: Инстаграм/ Маргарита Грачева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button