Реклама
Наши ѕвезди

Конечно се огласи и Македонецот што беше избркан од „Ѕвездите на Гранд – објави фотографија и видео, и повторно предизвика бура

Реклама

Пејачот од Македонија, Адам Лабунски беше дисквалификуван од музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ поради проблемите што ги имаше со својот татко, но и со еден од останатите натпреварувачи.

Но откако го објави разговорот што го имаше со еден од неговите ментори на социјалните мрежи и предизвика бура од реакции во медиумите, младиот пејач се повлече, а деновиве се јави со фотографија од теретана.

Маркетинг

Тој ги покажа мускулите на својата рака додека дига тегови и се пофали дека резултатот го постигнал со вредна, редовна и напорна работа во теретана.

Инаку, само да потсетиме, младиот пејач од Македонија, по инцидентот во хотелот и одлуката за дисквалификација, ја објави приватните преписки што ги водеше со Марија Шерифовиќ со што само дотури масло на огнот. Откако ги објави преписките и предизвика бура од реакции, некое време се повлече, и тоа беше така се до овој момент.

Маркетинг

Покрај овие фотографии Адам на профилот на Инстаграм објави и видео на кое ја пее македонската песна „Зајди зајди“, со неговиот неверојатен глас, а во еден од коментарите обожавател му порача.

„Браво, ќе успееш и без ‘Ѕвездите на Гранд’. Ти се неверојатен талент.“ пишува негов обожавател

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button