Конечно сакаше да се слика со мене, син на мајка: Весна Бејби објави фотографија заедно со својот син
Македонската атерка Весна Бејби Петришевска на својот Инстаграм профил објави фотографија заедно со својот син Кирил од Златна бубамара.
А под неа напиша: Конечно сакаше да се слика со мене, син на мајка.
Воедно Весна примајќи ја наградата упати апел јавно децата да не молчат за насилството: За ова цело време зборувам,на оваа тема постојано треба да се зборува…идејата да се создаваат проекти како што е Дајте музика е само еден чекор кој го правиме заедно со Тоа го разговараме со децата на часовите и пробите во актерската школа.
Пред една недела разговарав со децата,немаше дете кое не раскажа за сопственото искуство и насилството меѓу врсниците.Немаат идеја како да се справат.Не кажуваат оти мислат дека се виновни кога биваат навредени од соучениците.Жртвата никогаш не е виновна!Затоа сум благодарна на проектот *Дајте музика * продукција Рифенштал,авторката и сценаристот на серијалот Цаци Паковска која верува во децата кои сакаат да го сменат овој свет, напиша Бејби на својот профил.
Актерката е мајка на Мина и Кирил, деца кои ги посвои и за кои вели дека се нејзина најголема љубов и центарот на светот.