Конечно нешто убаво на Фејсбук и од Македонија – девојки сами се организираа и расчистија цела дива депонија (фото)
Ни покажаа како треба да се сака градот
Групата девојки од штипската планинарска екипа „Колоритни“ заслужуваат секоја пофалба заради нивната намера средината во која што живеат да биде чиста.
И покрај тоа што во Штип постојат комунални служби кои си ја работат својата задача, во околината на градот, впрочем како и во многу други градови во Македонија, постојат неколку диви депонии. Некои се поголеми, а некои помали, а направени се од несовесните граѓани кои ѓубрето и шутот го оставаат на места кои не се предвидени за таква намена. Тоа понекогаш може да биде покрај поток, река, пат или како во овој случај, во близина на црква, на место каде и самата природата е прекрасна, но потполно засенета од ѓубрето.
Имено, во близина на местото викано Мирјанината црква во Штип со години постои дива депонија која благодарение на неколку граѓанки кои решија да не седат со скрстени раце, беше отстранета. Граѓанската иницијатива беше покрената од женската планинарска екипа „Колоритни“ од Штип кои решија самоиницијативно да се организираат и да го исчистат ѓубрето. Со намера нивната акција да биде поттик и мотив, како и еден своевиден апел до сите дека развојот на еколошката свест е предуслов за почиста и здрава средина, овие неколку љубителки на природата на Фејсбук се организираа под слоганот „Го сакам мојот град чист – вклучи се и ти“, а нивниот апел беше слушнат од совесните сограѓани и сите задно го исчистија ова преубаво место.
„Денес по граѓанска иницијатива жителите на општина Штип покажаа еколошка зрелост и надминување на бариерите во однос на возраста, професијата, религијата и партиите“ напиша Кристина Сандева која беше една од организаторите на оваа иницијатива.Таа додаде дека акцијата беше успешно спроведена и дека се собрани над 1000 вреќи ѓубре и дека е исчистен градежниот шут.
Таа воедно им се заблагодари на Децата од ООУ “Славејко Арсов”, средношколци од СОУ “Славчо Стојменски”, потоа на Јавното претпријатие Исар, како и на Колоритната женска екипа, Извиднички одред “ЕКВИНОКС”, ДПС Лисец, Младинска организација на Турците, Граѓани од град Штип и Фејсбук страницата Штипска Идила – за моралната и финансиска поддршка.
Нивната акција беше најавена преку Фејсбук групата „Го сакам мојот град чист – вклучи се и ти“ со што покажаа дека кога луѓето се сложни ниту еден проблем не е нерешлив.
Токму тоа ни го покажаа „Колоритните“, но и сите деца што учествуваа во акцијата. Тие сите заедно одлучија да не седат со скрстени раце, туку да направат нешто убаво за градот во кој што живеат. И ние им симнуваме капа за овој потег.
Од убава идеја, до резултат!
Инаку, ова не е прва акција на жените од „Колоритни“ кои се дел од штипскиот планинарски клуб Лисец. Некои од нив се професорки, некои економистки, правнички, инспекторки.. но заедничко за сите нив е љубовта кон природата.
„Една група ентузијасти и вљубеници во природата имаат една убава идеја. Да го исчистиме Штип.“
„Прва акција , сабота чистење на ѓубрето во боровата шума на потегот Филтер станица, Сончев град , Мирјанина црква. Желба имаме, поддршка имаме“, напиша Атанаска Ристова во групата „Го сакам мојот град чист – вклучи се и ти“, само неколку дена пред да ја спроведат акцијата.
Па, што друго да кажеме освен големо БРАВО за сите што учествуваа во оваа еколошка акција.
Фото: Фејсбук/ Го сакам мојот град чист – вклучи се и ти