Реклама
Вирално

Конечно нешто добро на Интернет – ја чистат природата, па споделуваат неверојатни фотографии. Првите се од Македонија (фото)

Реклама

Во последно време се почесто гледаме најразлични предизвици на Интернет од кои повеќето се потполно глупи и бизарни.

Па така пред само неколку дена гледавме како родителите и постарите браќа и сестрички ги маваат со парче кашкавал малите деца. Потоа ги читавме страшните приказни за Момо, и додека се прашувавме што се случува, по ѓаволите, со корисниците на социјалните мрежи, се појави еден нов вирален тренд кој не воодушеви потполно. Имено во прашање е предизвикот „#Trashtag Challenge“ во кој задачата е да ја фотографирате природата пред да ја исчистите и потоа на интернет да ги споделите резултатите со овој хаштаг. Бидејќи нешто вакво итно е потребно и за кај нас, им честитаме на луѓето кои го започнаа овој тренд во светот и се надеваме дека од истиот ќе се „заразиме“ и ние.

Маркетинг

Фотографии од Гази Баба

Маркетинг

Во продолжение погледнете ги овие одлични примери – на првите фотографии е еколошката акција која ова утро беше организирана од студентите, професорите и вработените во Природно-математичкиот факултет во Скопје. За една недела ова е втора акција што ја организира овој факултет кој се наоѓа во Гази Баба, со што тие даваат одличен пример за тоа како сите ние треба да се грижиме за нашата околина. Се надеваме дека нивниот позитивен пример ќе го следат и некои други институции и организации во Македонија.

Претходните неколку фотографии беа од акцијата во Гази Баба. Погледнете ги и останатите примери од светот …

 

Фото: Твитер/ Фејсбук

Поврзано

Back to top button