Вирално

Конечно направен голем исчекор во борбата со короната: Лекувањето со овој лек ги зголемува шансите за опоравување до три пати

Advertisement

Прелиминарните резултати од клиничкото испитување сугерираат дека новиот тип на лекување на ковид-19 може драстично да го намали бројот на болни на кои им е потребна интензивна нега, објави Би Би Си.

Advertisement

Информациите ги презентираше британската биотехнолошка компанија Синаирген поја развива нов лек кој помага во борбата со последиците од коронавирусот, а истиот употребува претеин бета интерферон кој инаку телото го произведува кога ќе го нападне инфекција.

Заболените од коронавирус би требало овој протеин да го вдишат директно во белите дробови со помош на таканаречениот небулизатор, за да стимулира имунолошки одговор. Почетните резултати укажуваат дека изгледите за развој на тешка форма на болеста ковид-19 кај болнички пациенти, кои имаат потреба од респиратор, се намалени за дури 79 отсто.

Досега се изгледаше многу оптимистично – изгледите за опоравување на пациентите до точка во која болеста не ги загрозувала нивните секојдневни активности, биле за два до три пати поголеми. Испитувањето исто така покажало значајно намалување на симптомите како што е овој, кога пациентите се жалат дека останале без здив.

Advertisement

Просечното време на престој во болница е намалено за третина за оние на новото лекување – од просечни девет паднаа на шест дена хоспитализација. Двојното слепо истражување опфати 101 доброволец на лекување во девет британски болници. Половината користела лекови, а половината плацебо – лекови без дејство.

Би Би Си пишува дека овие резултати сѐ уште не поминале научна рецензија, ниту се објавени во било кој признаен здравствен магазин, па овие тврдења треба да се земат со резерва.

Но, доколку резултатите се точни ќе биде тоа многу значаен чекор напред во лекувањето на инфекции предизвикани од коронавирусот, а научникот Тим Вилкинсон истакнува дека ваков третман би „можел да промени сѐ “.

„Истражувањето е релативно мало, но е сигналот дека ваквото лекување е од голема корист е многу силен“, заклучи Вилкинсон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button